Стадионот Xi’an International Football Centre со капацитет од 60.000 седишта, дело на британското студио Zaha Hadid Architects (ZHA), отворен е во централна Кина и е домаќини на првите натпревари.

Нарачан од Кинеската фудбалска асоцијација, стадионот во областа Fengdong New City во Сиан беше отворен минатиот месец со три натпревари за играчи под 23 години.
Стадионот има кривулеста форма која, според архитектите од ZHA е обликувана од ветровитите зими и жешките лета во градот.

Се издига во средина на главните трибини за да се зголеми бројот на седишта поставени на најповолните позиции за гледање – околу средниот ред покрај теренот.
„Заоблените геометрии на стадионот се дефинирани така за да ги минимизираат влијанијата од ветровите од север кои го ладат градот секоја зима“, велат од ZHA.

„Флуидните форми на покривот ја штитат структурата во облик на седло проектирана да ја максимизира достапноста на места за седење на средина на теренот.“
На горното ниво, стадионот е обвиткан со широк ходник, кој е заштитен со пространи настрешници.
Овие тераси се спуштаат по фасадата на јужниот крај од стадионот за да создадат покриена површина слична на плоштад.

Црвените бетонски столбови што ги прекинуваат терасите ја носат лесната кровна конструкција.
„Широкиот настрешници по периметарот ги кријат објектите во рамките на обвивката на зградата, додека големите, засенчени, отворени тераси и јавните ходници обезбедуваат удобни услови во жешките лета на континенталната клима на Сиан“, велат од бирото.

„Ултра лесната кровна конструкција со долг распон од кабелска мрежа генерира минимални оптоварувања за значително да го намали на вградениот јаглерод во стадионот со минимизирање на материјалите потребни за неговата примарна конструкција.“

Внатре во стадионот, публиката е покриена со транспарентен кров кој виси од конструкцијата на главните трибини.
„Поддржана од затегната конструкција од кабелска мрежа, проѕирната мембрана над седиштата ги штити гледачите од лошо време и директна сончева светлина, а истовремено овозможува максимално ниво на природна светлина да стигне до површината за игра, поттикнувајќи го растот на тревата на теренот за да се обезбедат услови за играње со највисок стандард.“

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија