Насловна / Архитектура / Науката го прогласи најубавиот град во светот

Науката го прогласи најубавиот град во светот

Глобална студија спроведена од „Online Mortgage Advisor“ му ја додели титулата најубав град во светот на британскиот град Честер. Врз основа на елементи како што се архитектура, пропорција, структура и композиција, Честер постигна 83,7% во согласност со „златниот пресек“.  Со тоа ги надмина Венеција, Лондон и Рим и го зазеде првото место.

Комбинација од историја и модерна архитектура

Честер, сместен во северозападниот дел на Англија – веднаш до Велс – совршено ги комбинира историската и модерната архитектура преку знаменитости како што се Катедралата во Честер, најголемиот римски амфитеатар во Британија и најстарите тркачки патеки во земјата. Особено впечатливи се римските ѕидини, кои се исклучително добро зачувани и го прават градот еден вид „жива книга на историјата“.

Овој град првично бил дел од римско утврдување основано во 79 година од н.е. и служел како важно воено упориште во тоа време. Од тој период потекнуваат познатите Chester Rows – двокатни трговски галерии со карактеристични црно-бели дрвени фасади кои и денесги красат градските улици.

Авторите на студијата направиле список од пет задолжителни активности за сите заинтересирани туристи доколку одлучат да го посетат градот со титулата најубав во светот.

Прошетка по градските ѕидини

Прошетката меѓу римските и средновековнитезданија ги остава сите без здив. Патека долга околу три километри нуди уединствен поглед на градот, вклучувајќи ја катедралата, реката Dee и познатиот часовник Eastgate Clock.

Посета на катедралата

Оваа величествена градба е позната по својата импресивна архитектура, витражи и уметнички детали. Можете да се искачите на кулата и да уживате во панорамски поглед на градот или едноставно да уживате во мирот во внатрешноста.

Задолжително – Chester Rows

Овие двокатни средновековни трговски пасажи датираат од 13 век. Денес, тие се дом на бројни бутици, кафулиња и продавници кои нудат мешавина од традиција и современ дух.

 

Посета на зоолошката градина во Честер

Една од најголемите зоолошки градини во Велика Британија и водечка установа за зачувување на животните, зоолошката градина во Честер е дом на повеќе од 21.000 животни од над 500 видови. Позната е по своите модерни живеалишта и програми за зачувување на природата.

Тура низ римскиот амфитеатар

Вратете се во минатото со посета на остатоците од најголемиот римски амфитеатар во Велика Британија, каде што некогаш се одржувале гладијаторски борби и воени вежби.

Најдобар период за посета на Честер

Најдобро време за посета е во текот на пролетта (април-мај) и летото (јуни-август), кога временските услови се пријатни, а градот е најжив. Тоа е идеално време за прошетка по римските ѕидини и посета на бројни знаменитости.

Есента (септември-октомври) носи помирна атмосфера и помалку туристи, додека зимата (ноември-февруари) нуди празничен дух, божиќни пазари и мирни градски улици, иако некои атракции тогаш се затворени.

Испрати коментар

Scroll To Top