Насловна / Вести / Србија: Најавен е првиот агроенергетски проект на Балканот

Србија: Најавен е првиот агроенергетски проект на Балканот

„Финтел Енергија“ и нејзината партнерска компанија „МК Група“, најавија голема инвестиција во Србија и регионот. Како што е наведено во заедничкото соопштение, тоа ќе биде прв агроенергетски проект во Србија, но и на Балканот. Вредноста на инвестицијата е 340 милиони евра, а ќе се реализира на територијата на општина Кула. Почетокот на проектот „Агросолар Кула“ е планиран за 2022 година, а реализацијата ќе трае нешто подолго од една година.

agrosolar1

Агроенергетиката во овој проект подразбира технолошки решенија кои овозможуваат истовремено производство на земјоделски посеви и енергија од сончева енергија на иста површина. Иновативната примена на соларни панели во комбинација со вегетација, прави таква микроклима која ја подига продуктивноста на земјоделското производство, а од друга страна ефикасноста на производството на електрична енергија. Добра страна е и намалената емисија на јаглерод диоксид и намалената потрошувачка на вода за наводнување. Притоа, „МК група“ се одлучила за органско земјоделство на земјиште каде проектот ќе биде имплементиран, така што нема да се користат пестициди, хербициди, ниту вештачки ѓубрива. Во почетната фаза, проектот ќе опфати 700 хектари земјиште во Кула, поделено на седум зони за различни органски посеви. На приближно една третина од вкупната површина ќе бидат поставени соларни панели во правилни редови и со меѓусебно растојание кое ќе овозможува непречено извршување на земјоделските активности. Годишното планирано производство на зелена енергија е околу 832GWh, што ги задоволува потребите на околу 200.000 домаќинства.

agrosolar2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top