Насловна / Вести / Србија формира Институт за вештачка интелигенција

Србија формира Институт за вештачка интелигенција

Формирањето на Институтот за вештачка интелигенција, е само една од мерките кои се предвидени со Акциониот план за развој на вештачката интелигенција за периодот 2020 – 2022, усвоен од страна на Владата на Србија пред неколку дена. Акциониот план се однесува на неодамна донесената Стратегија за развој на вештачката интелигенција за периодот 2020 – 2025 година. Општата цел на стратегијата е употреба на вештачката интелигенција (AI) во функција на еконосмки раст, вработување и подобар квалитет на живот. Посебните цели се развој на образованието насочен кон унапредување на AI, развој на науката и иновациите, како и унапредување на услугите во јавниот сектор. Една од мерките е унапредување на наставните содржини во образованието.

AI2

Планирано е создавање на регулаторни услови за воведување на regulatory sandbox со цел тестирање на решенија базирани на вештачката интелигенција во четири области – здравство, земјоделие, сообраќај и паметни градови. Sandbox е посебен регулаторен режим кој им овозможува на компаниите да тестираат во согласност со одобрен план и под надзор на надлежен орган, иновативни решенија или бизнис модели врз ограничен број на корисници.

AI1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top