Насловна / Вести / Спутник 1: 4 октомври е денот кога соништата за ѕвездите станаа реалност

Спутник 1: 4 октомври е денот кога соништата за ѕвездите станаа реалност

На 4 октомври 1957 година, првиот вештачки сателит во светот Спутник 1 е лансиран од космодромот Бајконур. Неговите радио сигнали  ги слушнале милиони луѓе ширум светот и станале симбол на новата ера.

Техничките податоци за овој прв освојувач на вселената се следниве. Сферичното тело направено од алуминиумски легури, со дијаметар од 58 сантиметри било херметички затворено. Внатре, наполнето со инертен гас под одреден притисок, посебен уред ја одржувал температурата во пропишаните граници, неопходна за безбедно работење на два радио предаватели и батерија – извор на електрична енергија. Количината на електрична енергија донесена од Земјата била доволна за три недели работа на инсталираната опрема. Надворешниот дел од топката бил специјално полиран за да обезбеди одредени својства на апсорпција или одбивање на сончевите зраци. На неа се наоѓале четири антени, вкупната тежина на сателитот била 83,6 килограми.

Сателитот патувал со максимална брзина од околу 8 км/с, што траело 96,20 минути за да ја заврши секоја орбита. Емитувал на 20,005 и 40,002 MHz, кои биле следени од радио оператори ширум светот. Сигналите продолжиле 21 ден сè додека батериите на предавателот не се испразниле на 26 октомври 1957 година. Спутник 1 изгорел на 4 јануари 1958 година, по повторното влегување во Земјината атмосфера, по три месеци, 1.440 комплетирани орбити околу Земјата и поминато растојание од околу 70×107 км.

Творецот на Спутник 1 е советскиот ракетен експерт Сергеј Павлович Корољев (1907 – 1966), кој подоцна го коментирал надворешниот облик на Спутник 1: „Ми се чинеше дека првиот Спутник мора да има едноставен и препознатлив облик, сличен на облиците на природните тела.“

Лансирањето на Спутник 1 дало огромен потик на развојот на астронаутиката, сателитските комуникации, метеорологијата, како и цели области на електрониката и науката за материјалите.  Било инспирација за за новите генерации истражувачи ширум светот.

4 октомври е денот кога соништата за ѕвездите станале реалност, кога се појавило разбирањето дека за човештвото ништо не е невозможно.

Испрати коментар

Scroll To Top