Насловна / Архитектура / Спој на природата и музиката во Будимпешта

Спој на природата и музиката во Будимпешта

House of Hungarian Music, проектирана од страна на Sou Fujimoto треба да почне да се гради на идилична локација во природа покрај езерото Városliget во најголемиот парк во Будимпешта. Јапонскиот архитект победил на натпреварот во 2014 година за идеен проект за „модерна и екстравагантна куќа на музиката”.  Инспирацијата за овој проект тој ја пронашол во природата и музиката. Изградбата на овој објект чини поголем дел од проектот  Liget Budapest, кој претставува еден од најголемите од областа на културата, и ги вклучува и  Museum of Ethnography на француската  компанија  Vallet de Martinis DIID Architectes, потоа коцкестиот PhotoMuseum Budapest и Museum of Hungarian Architecture, на унгарската компанија Középülettervező Zrt. Проектот на Fujimoto се карактеризира со препознатлив лебдечки покрив, под кој „седи“ зградата која „непрекинато се меша во природата како продолжение на самиот парк“. Покривот е перфориран и низ стаклените отвори продира природна светлина. Објектот е обвиткан со стаклена фасада.  Светлиот, отворен и прозрачен ентериер и околина се водат од мотото на унгарскиот композитор  Zoltan Kodály „Нека музиката им припаѓа на сите!”.

Анонимниот конкурс за  House of Hungarian Music привлече многу реномирани компании. Реализацијата на објектот е планирана до крајот на 2020.

HHM1

HHM2

HHM3

HHM4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top