Насловна / Вести / САД: Градоначалниците во сојуз за згради со „нето нула“ емисија до 2030

САД: Градоначалниците во сојуз за згради со „нето нула“ емисија до 2030

Вкупно 19 градоначалници на градови во САД се здружени во групата C40, која е посветена на климатската акција. Коалицијата предлага план кој ќе обезбеди сите нови згради до 2030 година да имаат „нето нула“ емисија на стакленички гасови. Градовите ги здружија силите со Светскиот совет за зелена градба (World Green Building Council -WorldGBC) за да ги постигнат зацртаните цели. Сите градови во рамките на C40 имаат потпишано документ со кој се обврзуваат до 2030 година, сите нови згради да трошат онолку енергија колку што самите генерираат. Иницијативата е дел од поголем план за „нето нула“ згради до 2050.

Зградите генерираат повеќе од половината од емисиите на стакленички гасови кај повеќето градови. Градоначалниците здружени во C40, се посветени на намалување на потрошувачката на енергија. Во оваа група се здружени и Лос Анџелес, Њујорк, Портланд и Сан Франциско. Во градовите во САД „нето нула“ изградбата веќе е во подем последните години. Ваквиот концепт предвидува примена на обновливи извори на енергија како и повторна употреба на енергијата, шт ги прави таквите објекти исклучително енергетски ефикасни и одржливи.

C40

C401

C402

 

Испрати коментар

Scroll To Top