Насловна / Вести / Генерално чистење на Општина Аеродром

Генерално чистење на Општина Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје почна акција за чистење на целата територија.

Станува збор за сеопфатна есенска генералка за чистење на улиците и парковите, во која покрај јавните претпријатија се ангажирани и сезонските работници од Општина Аеродром, како и сета расположлива механизација.

03 generalka (2)

Општина Аеродром има ангажирано околу 120 работници кои се грижат за чистотата на јавните површини и нивното секојдневно одржување и најави набавки на дополнителна механизација, за што веќе се алоцирани средства.

Според планот и предвидената динамика ќе се чистат сите градски и општински улици, како и парковите.

Испрати коментар

Scroll To Top