Насловна / Ентериери / Спектакуларна вила „Арка“

Спектакуларна вила „Арка“

arka (11)

Оваа вила се наоѓа во Флорида, и претставува луксузна, новодизајнирана градба која има уникатен изглед и ги има сите луксузни добра кои можат да се замислат.arka (12)

Со оглед на тоа колку е посебна и што сè содржи, таа има навистина специфично име – „Арка“. Има површина од околу 1.000 м2 и 300 м2 простор кој го сочинуваат тераси со поглед на океанот, и кои се идеални за сите видови на забави и дружења. Во вилата има вкупно шест спални соби со приватни бањи, а покрај тоа, постојат уште седум целосно опремени бањи. Две спални соби имаат приватни балкони и фантастичен поглед.

arka (5)

На главниот кат се наоѓа и висок стаклен атриум со приватен лифт, веднаш до семејната соба, формална трпезарија, дневни соби со автоматизиран проектор, а има и галериски простор во кој се изложени различни уметнички дела.

arka (10)

На вториот кат се наоѓаат канцеларија, студио за јога, грандиозна тераса и „гнездо“ за читање кое гледа во дневната соба. На третото ниво се наоѓа отворен-затворен мастер апартман со пространа кровна тераса, а во него исто така има и бања во спа стил.arka (9) arka (8)

Во екстериерот на вилата се наоѓа базен, џакузи, простор за сончање, градина и „инфинити“ езеро.

Оваа феноменална вила во моментов е во потрага по своите нови сопственици и доаѓа со цена од 8,2 милиони долари.arka (7) arka (6) arka arka (2) arka (3) arka (12)

Испрати коментар

Scroll To Top