Насловна / Арт и дизајн / Создавање бања од соништата

Создавање бања од соништата

Изгледот на бањата е различен за секого. За некои, бањата треба да биде гламурозен простор за облекување, за други тропско одморалиште, додека други ја третираат бањата како место за разговор.

SFreihon_140804_0183_A_WEB

Функционалноста е на прво место и најважна за секој ентериер и простор. Мермерот, уникатните тапети, винтиџ осветлувањето и растенијата во градината, сето тоа може да направи бањата да изгледа како приватна оаза.

“Луѓето поминуваат многу време во своите бањи и не се работи само за подготовка или за секојдневните рутини – тоа е засолниште, тоа е бегство“, вели директорката на Гашот студио, Кристин Гашот.

31UPG_WEB

КАДИ И МИЈАЛНИЦИ

Со оглед на луксузот на просторот, повеќето бањи од соништата вклучуваат и туш кабина и самостојна када.  Искористувајќи го максимумот од калифорнискиот начин на живот, може да се искористат стаклени панели со цел да се создаде ефект на естетски луксуз.

Фитинзите се накит на бањата, а поставувањето е исто толку критично како и стилот. Загреаните шипки за пешкири и зрачното греење на подот станаа речиси минато при реновирањето, додека инфрацрвените сауни, звучниците и телевизорите за туширање се чести ставки на списокот со желби.

1719_Shot_26_0692_rt_WEB

МАТЕРИЈАЛИ

Бањите најчесто се изработуваат во палета од бела или сива боја, но многу дизајнери нашле авантуристички клиенти кои се подготвени нивната бања да биде несекојдневна и различна, притоа обојувајќи ја во различни бои.

Њујоршкиот дизајнер Шон Хендерсон е познат по тоа што создава текстурална спротивставеност во неговите бањи, мешајќи камени или плочки за да додаде подобар визуелен изглед.

Дизајнерката Џој Мојлер предлага напредок во текстилот, особено големиот избор на повеќегодишните растенија кои нудат единствена можност за прекрасен контраст.

West_87th_Master_Bath_008_WEB

ДОДАТОЦИ

Бањите редовно бараат складирање на различни предмети. Витиџ шкафовите се одличен додаток со цел да се прикажат мирисите и накитот.

Зеленилото, исто така, може да помогне во ублажувањето на сите  камени површини. “Изработуваме бањи каде има дрвја и тоа им дава живот на овие простори“, вели Буш, кој воведе растенија под тушот во неговиот шпански дом од 1930-тите, кој го реновира.

Во многу од неговите станбени проекти, Харис поставува стакло на прозорците, туш кабините и плакарите за да овозможи природна светлина и приватност. Можноста да се има природна светлина зад огледалото е многу корисна – тоа е додворување и ви дава рамномерна светлина од двете страни.

Поделувањето на просторот на влажни и суви области, со кадифени седишта и други меки производи, исто така може да ја трансформира атмосферата. “Да можеш да создадеш бања што на прв поглед не мора да се дефинира себеси како бања е врвен луксуз“, вели Буш.

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top