Насловна / Арт и дизајн / Совршена Eames столица за љубителите на мачки

Совршена Eames столица за љубителите на мачки

Ова иконично парче мебел за прв пат е произведено од Чарлс и Реј Имс како „Eames Shell Chair’ “ во 1950 година. Веднаш по производството, погонот Eames го посетил нивниот пријател, уметник и архитект, Сол Стајнберг. Стајнберг, во својот сликарски занес (документирано е дека тој неконтролирано сликал по канцеларијата на Имс со четка за време на посетата), нацртал мачка што спие на столот Shell, која Имс ја препознале како совршена композиција и ја вклучиле во нивниот дизајн.

2

Столот оттогаш ја задржал својата магија. За да им дадат можност на своите љубители да поседуваат едно од овие историски парчиња, VITRA и Herman Miller пуштаат во продажба 500 ограничени изданиа на фиберглас столиците украсени со цртежот на мачката на Стајнберг, во точни димензии и големина.

1

За да се преведе овој модел во точната форма, скениран е стариот пример и генерирана е негова 3Д датотека за да може егзактна уметност да се направи на фиберглас. Секое преправено столче е внимателно рачно насликано со оригиналните димензии од страна на вешти уметници користејќи четки кои исто така се специјално избрани за да бидат што е можно поблиску до оригиналот по големина и боја.

8 6

За да се зачува ексклузивноста и уникатноста, секоја повторно создадена Eames Fiberglass столица со мачката на Стајнберг е ексклузивно нумерирана и на неа ги содржи логоата на брендот Vitra и Herman Miller. Столовите се достапни преку бутиците Vitra и Herman Miller. 180 парчиња се достапни во Америка по цена од 2.500 долари; 300 столчиња во Европа и Блискиот Исток (цената варира според пазарот); а останатите 20 столчиња во Јапонија по приближно иста цена како во САД.

9 7 5 3 4

Испрати коментар

Scroll To Top