Насловна / Вести / Современа стоматолошка ординација, задоволни пациенти

Современа стоматолошка ординација, задоволни пациенти

Желбата да се надмине стравот од забар, пациентите да се чувствуваат опуштено и пријатно, а водено да се создаде максимално искористен и функционален простор со современ ентериер ја создаде стоматолошката ординација „Оникс“ во населбата Аеродром во Скопје.

_MG_22

Слободата на проектирање и одлучување при изборот на материјалите дадена од инвеститорот и неговото почитување на професионалци и вербата во креативноста и посветеноста на нашата работа, оставија видлив, позитивен белег во опремувањето и дизајнирањето на ентериерот. Компоненти без кои не се може, а склопени заедно го даваат конечниот производ, современ ентериер на општо задоволство на вработените, пациентите и секако и на наше задоволство како автори.

Model

Во простор од 40 квадратни метри проектирани се чекална, работен дел за стоматолошки столови соодветно димензиониран и санитарен јазол со претпростор. Дизајнот беше оформен со чисти  форми и прави линии надополнети со одредени кубусни облици.

Влезот во ординацијата е одделен со работниот дел со стаклена преграда со мат принт со мотив  кој произлегува од останатите елементи во самата ординација.

2

Користени се материјали како во дрвен дезен и медијапан во комбинација на бела и сенф боја во делот кај работниот простор.

Во приемниот дел, каде што непријатноста на чекање да се седне на забарски стол е најголема, просторот е облагороден со 3Д керамички плочки во бела боја, ѕидна облога од иверица со огледало и пулт во бел сјаен медијапан, кој својата неправилна форма ја добива токму од овие ѕидни обработки, па со тоа се создава една компактна целина и динамичен израз на делот наменет за клиенти и создава една опуштена атмосфера.

3

Кај работниот дел во интерес на визуелно поголем простор, вметнато е огледалото како ѕиден декоративен елемент, дизајниран во дијагонални сегменти. Спојот помеѓу долните елементи и висечките елементи е решен со принт на стакло.

1

Во санитариите е избрана комбинација на бела и црна порцеланска плочка со мермерен дезен, со дрвени елементи како подлога за мијалник и жардиниера во делот кај тоалетната школка.

6

При реализацијата на овој проект, во целост беше почитуванa техничката документација – проектот, кој ги отсликуваше нашите идеи и замисли, а воедно и барањата и потребите на инвеститорот.

 Тим на БИРО ПРОЕКТ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top