Насловна / Архитектура / Современа семејна куќа во Ниш

Современа семејна куќа во Ниш

Две значајни награди во 2022 година, BigSEE Architecture Award 2022 – Winner и Признание за архитектура на Триеналето на архитектура во Ниш, доби архитектонско биро KontraStudio за проект за куќата I73. Ова мултидисциплинарно студио од Ниш, според нивните зборови, се обидува да го подобри современиот архитектонски израз на локалната средина отстапувајќи од вообичаените стандарди во дизајнот и архитектурата, што во овој случај беше препознаено и од стручната јавност.

2

Барањата на инвеститорот за семејната куќа биле просторност, добра функционална поврзаност, затвореност кон улицата и отворање кон дворот. Парцелата е со правоаголна форма, со подолгата страна свртена кон улицата, што значително влијаело на архитектонското решение на куќата. Објектот е поставен покрај улицата, со нагласена хоризонтала, а долгиот фасаден фронт е проектиран со минимален број отвори, што на уличниот изглед на куќата му дава впечатлив, скулптурален изглед.

8

9

10

Инспирирана од интернационалниот стил во архитектурата, формата на куќата е со чисти и бели линии, едноставни волумени. Карактеристичен елемент на фасадата се гредички изработени од алуминиумски профили во дезен на дрво на вовлечениот дел од предната фасада, кои се појавуваат и на дворната фасада во вид на подвижни жалузини во зона на главната спална соба.

Куќата се отвора кон јужната страна, на која е дворот и на тој начин се постигнува мир и приватност за нејзините станари, како и добра позиционираност на базенот.

5

Куќата е поделена на неколку функционални целини, дневната зона е на приземје, ноќната е на кат, додека техничките простории и салата се во подрум. Приземјето е уредено како отворен заеднички простор со панорамски поглед на базенот и градината. Големите стаклени површини кон дворот ја прават дневната соба визуелно и функционално поширока.

Просторот во кој се сместени кујната и скалите се протега низ двете нивоа, создавајќи специфичен, монументален внатрешен амбиент.

14

15

Во дворот доминира масивна дрвена пергола со челични „V“ столбови и носачи, која формира простор за летен одмор, како продолжение на дневната соба. На нејзе визуелно се надоврзуваат подвижни жалузини на прозорците од спалната соба, кои го регулираат природното осветлување и загревањето на просториите.

1

Посебно внимание е посветено на енергетската ефикасност на целиот објект, применети се најсовремените системи достапни во регионот. Куќата е ѕидана со енергетски блокови, квалитетно изолирана, со столарија со тројно застаклување. Греењето и ладењето на објектот е комбинирано, со топлинска пумпа, со присуство на камин и приклучок за гас. На кровот се поставени соларни панели за загревање на санитарната вода.

3

4

6

12

13

11

16 17

Испрати коментар

Scroll To Top