Насловна / Ентериери / Совети: Баланс меѓу традиционалното и модерното

Совети: Баланс меѓу традиционалното и модерното

Баланс ме_у традиционалното и  моде

Во приземјето на станбен блок купив простор за угостителски дуќан – мал ресторан за италијанска храна кој ќе нуди од кафе, преку сезонски салати до шпагети, лазањи, равиоли… Ве молам за совет, како да го организирам просторот, а воедно и како да го декорирам за да биде привлечен за посетителите?

Митковски, Скопје

Атмосферата и стилот на ентериерот во овој ресторан треба да релаксираат, да создаваат чувство на свежина, а гостите секогаш да се чувствуваат посебно, во центар на вниманието, додека функцијата на објектот ќе го диктира распоредот на мебелот и кујнската опрема.

Наспроти влезот се поставува шанк кој ја дели кујната од делот за седење на гостите. Кујната се организира во ниша под агол. Делумно е задскриена од пултот и висечките паноа над него. На столбот од кујната е поставена црна табла на која се пишува дневното мени. Делот за гостите е организиран со маси покрај прозорецот и маса со клупа за поголемо друштво во нишата.

При уредувањето на ентериерот, како што вели дизајнерот Maurizio Pellizzoni, треба да се имаат на ум неколку важни работиː

–         да се погледне просторот и да се разбере неговата употреба;

–         да се слушнат идеите на клиентите и да се соработува со нив за постигнување на крајниот изглед на просторот;

–         да се употребат иновативни идеи;

–         да се нема страв од употреба на бои и материјали кои просторот ќе го направат да изгледа богато и уникатно;

–         да се употребат декоративни предмети, постери, слики и свежи растенија како финален слој.

При изборот на бои, потребно е да се создаде баланс. Тој вообичаено се постигнува со формулата 70-20-10: главна боја 70% (ѕидови, во случајов јака зелена), 20% секундарна боја (мебел, под, кујна, природна боја на дрво), 10% детали (црвена боја за перничиња, слики, свеќи, садови).

Во убавите топли денови изнесете ги масите и жардиниерите со цвеќе надвор, пред прозорецот кој ќе го оплемените со мали дизајнерски елементи.

Испрати коментар

Scroll To Top