Насловна / Архитектура / Сонцето не може да се контролира, но може да се управува!

Сонцето не може да се контролира, но може да се управува!

ФЛЕКСИБИЛНА И СТИЛСКА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ СО НАДВОРЕШНИТЕ ВЕНЕЦИЈАНЕРИ НА WAREMA

Целта на елементите за заштита од сонце не е целосно да се избегне дневната светлина, туку интелигентно и флексибилно да се искористи истата. Заштитата од сонце може да го промени изгледот на фасадата, но и квалитетот на престој внатре во просториите.

Надворешните венецијанери на германскиот бренд Warema се одликуваат со чист и јасен дизајн, многубројни варијанти за секој вид и естетика на фасада, како и можности за покривање на големи површини (до 5m широчина на самостоен елемент).

Pic.1

Изборот на форма на ламелите се одредува од индивидуалните желби и потреби- класичен изглед со заоблен профил; речиси целосно затемнување со помош на извиткани профили или минимален пакет ламели во собрана положба со сплесканиот рамен профил.

Pic.2

Easy Clean хидрофилна површина за разградување на органска нечистотија и честички од смог.

Фотосензитивната облога од титаниум диоксид при контакт со вода ги ослабнува честичките на нечистотија и истите се елиминираат без задржување на капки вода по површината.

Pic.3

Опција за отворена глетка однатре нанадвор, истовремено чувајќи ја приватноста блокирајќи погледи однадвор- со Warema Pro Visio.

Со помош на нерамномерна ротација на ламелите- отворен агол на ниво на очите и постепено намалување (затворање) на аголот во долната зона, се постигнува блокирање на погледи однадвор, додека внатре се искористува дневната светлина и се задржува беспрекорна глетка нанадвор.

Untitled-1

Заштита од сонце на целосно застаклен агол- конечно без конструкција која го попречува транспарентниот изглед!

Со помош на иновативни аголни споеви на ламелите, се постигнува непречен изглед на модерниот целосно застаклен агол.
Во состојба на собрани венецијанери не останува видлива конструкција во зоната на аголот.

Untitled-2

Visio Neo- заштита од пад, интегрирана во профилот на елементот за заштита од сонце.

Комбинација на елеганција, минималис-тички изглед и сертифицирана безбедност. Тенката стаклена површина може да биде интегрирана во било која фасада, во комбинација со заштита од сонце или како самостоен елемент.

Pic.6

Warema системи за интелигентно управување со заштитата од сонце.

Можност за различни видови централно или далечинско управување.
Моторите на заштитните елементи може да бидат поврзани со далечински управувачи, контролни панели, како и со сензори за автоматско придвижување при одредени временски услови.

Pic.7

Pic.8

Pic.9

Logo-WAREMA

al_resize

КОМЕРЦИЈАЛЕН ТЕКСТ

 

Испрати коментар

Scroll To Top