Насловна / Вести / Соларната активност е поврзана со плимните сили на Венера, Земјата и Јупитер

Соларната активност е поврзана со плимните сили на Венера, Земјата и Јупитер

Германски научници поставија теорија дека влошувањето на соларната активност што се јавува на секои 11 години, е поврзана со плимните сили на Венера, Земјата и Јупитер.

Резултатите од нивните истражувања се објавени во списанието „Солар физикс“.

Познато е дека соларната активност зависи од магнетното поле на ѕвездите, а за него, од друга страна одговорни се и алфа и омега ефектите.planets

Причините за природното создавање на алфа ефектите се уште не им се познати на научниците, но германските истражувачи одлучиле да проверат дали на овој процес влијае феноменот што се случува на секои 11,07 години кога Сонцето, Венера, Земјата и Јупитер се во иста линија, и во исто време, постои и бран на соларни активности.

Пресметките покажаа дека плимните сили на трите планети во целост можат да создадат алфа ефекти.

Плимната сила е споредна последица на силата на тежата која ги причинува плимата и осеката. Се јавува поради тоа што силата на тежата со која едно тело дејствува врз друго не е ремномерно иста насекаде по телото, па поради тоа се добива впечаток дека плимната сила е диференцијална.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top