Насловна / Вести / Зимзелени и листопадни растенија, магнолија и грмушки – нов зелен парк на Водно

Зимзелени и листопадни растенија, магнолија и грмушки – нов зелен парк на Водно

Нови зимзелени и листопадни декоративни растенија на новата зелена оаза на Водно, на улицата „Питу Гули“.

На површина од 600 метри квадратни, општина Центар засади зимзелена магнолија Grandiflora и шест листопадни чадорести дрва Albizia julibrissin, кои во текот на сончевите летни денови ќе ја покажат сета раскош со своите цветови.park-vodno-7

Околу двесте декоративни зимзелени и листопадни грмушки ќе ја стабилизираат косината. Со својата различна структура и колорит, внесуваат динамика и живост на локацијата во секој дел од годината, а со развој и ширење на садниците се прави компактен и згуснат пејсаж.park-vodno-6

На целата локација поставен е  автоматски систем за полевање. Околу овој зелен појас, општина Центар ги реконструира и тротоарите.park-vodno-5 park-vodno-4 park-vodno-3 park-vodno-2

Во непосредна близина, општина Центар веднаш продолжува со разубавување на две нови локации, односно кај поранешна КТК и кај поранешната голема самопослуга на „Славија“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top