Насловна / Арт и дизајн / Со редизајнирање на оградите на скалите, старите лица можат да седнат и одморат

Со редизајнирање на оградите на скалите, старите лица можат да седнат и одморат

Најдобрите решенија се оние кои се наједноставни. Токму тоа е девизата со која се воделе дизајнерите од компанијата SJDC на нивниот проект наречен Rest for a while (Одмори се малку).

Имено, сосема едноставното прилагодување на вообичаеното и укалупено решение на скалишен ракохват довело до значителна промена. Овој дизајн подразбира преобликување на ракохватот како би се креирал дел за седење на секој кат, а притоа да не се намали преостанатиот корисен простор на скалите.

sk

Проектот е дизајниран од компанијата Shenzhen Jinwei Design Company (SJDC), со примарна идеја скалите да се направат подостапни за старите лица и лицата со инвалидитет.

Овој паметен дизајн може да се реализира со минимална инвестиција, без нарушување на скалите или на функцијата на ракохватот.

sk1

Награда за дизајн

„Со редизајнирање на постојните огради на скалите, треба да се додаде само малку материјал за да им се овозможи на уморните луѓе да седат и да се одморат. Исто така, ова може да помогне да се охрабрат луѓето да ги користат скалите наместо лифтовите и на тој начин да бидат поактивни “, велат дизајнерите од SJDC за Designboom, кои ја освоија првата награда на iF Design натпреварот за 2020 година.

Испрати коментар

Scroll To Top