Насловна / Вести / Со паркирање пред училиште „само детето да излезе“ загрозени се сите деца

Со паркирање пред училиште „само детето да излезе“ загрозени се сите деца

Со почетокот на секоја учебна година речиси ни здосадуваат предупредувањата да внимаваме на децата во сообраќајот. Кој не внимава на децата во сообраќајот е прашање кое зачудено си го поставува секој нормален родител. Но податоците велад дека таквите нормални се само една третина, секој трет родител ги врзува своите деца и ги вози правилно во градинка и училиште.

sko

Предупредувањата за безбедноста на децата во сообраќајот се очекува да ја подигнат свеста кај возачите, но и кај родителите. Сообраќајните правила главно се почитуваат, но има родители кои треба посовесно да се грижат за своите деца и за нивните соученици. Во близината на најголем број училишта и градинки има лежечки полицајци и заштитни огради и воглавном со децата нема проблем, проблемите ги прават некои родители. Кога станува збор за прекршоци, најголем проблем се родителите кој доцнат на работа или ги доцнат децата во училиште. Тие неправилнио ги возат децата, неправилното паркираат и сопираат и брзо возат.

sko1

Ваквите родители се најдовитливи, неретко го запираат автомобилот на пешачкиот премин пред училиштето или на самиот тротоар „за децата само да излезат“, или децата излегуваат на левата врата, други го обиколуваат автомобилот што истоварува дете на зебра. Изговорите се стандардни: нема повеќе, само за секунда, само да ги истоварам децата. Со вакво однесување родителите ги загрозуваат и туѓите деца. Кога возачот ќе дојде и ќе се паркира на пешачки премин, „само детето да излезе“ во тој момент многу деца се загрозени поради намалената видливост на преминот.

te

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top