Насловна / Архитектура / Спектакуларно прибежиште во ексклузивниот Yellowstone Club во Монтана

Спектакуларно прибежиште во ексклузивниот Yellowstone Club во Монтана

Дизајнерот Terry Hunziker и архитектонското биро  Suyama Peterson Deguchi создале спокојно одморалиште во Монтана со голем број уметнички дела и колекционерски дизајн.

9_resize

Во изминатите дваесет години дизајнерот Terry Hunziker и неговата клиентка соработувале на нејзината главна резиденција во Вашингтон, како и на градска куќа во главниот град. Потоа го повикалоа со нов предизвик, купила парцела на непречен имот во ексклузивниот Yellowstone Club во Монтана, рај за авантуристи. Сакала помош на Hunziker за да отпочне со градбата.

1_resize

„Цел живот сонуваше да има ваква куќа во Монтана затоа што ја обожува областа, а таа е и скијач, и планинар и риболовец“, изјавил Hunziker. „Она што е одлично е што не гледате друга куќа од нејзината парцела бидејќи се наоѓа токму на работ на долината. Местото е многу приватно и повлечено“.

3_resize

Terry Hunziker ја запознал клиентката со архитектите од бирото Suyama Peterson Deguchi од Сиетл, кои проектирале модерна структура со ниска висина која неприметно се вклопила во планинскиот терен. Опфаќајќи нешто повеќе од 700 квадратни метри, домот содржи органска мешавина на материјали комплементарни на пејзажот, вклучувајќи дрво и камен, упарени со скулптурални простори од црн челик. „Тое е мошне мажевна куќа, но изискуваше органско чувство“, вели Hunziker, кој за ентериерот избрал подеднакво земјена палета на нежна беж, темно смеѓа и сива боја.

8_resize

На главниот кат, големата отворена дневна соба со панорамски поглед има неколку удобни места за седење и елегантен простор за јадење. На едниот крај, делото на Mark di Suvero за Рилке од 1976 година е прикажано заедно со трпезариската маса од бразилски кварцит и поцрнет челик. „Идејата беше дека тоа е повеќе парче скулптура отколку само маса“, вели Hunziker, која ја опкружил со трпезариски столчиња во стилот на Jean Prouvé за да „добие уште еден дизајнерски елемент што не е мој во комбибацијата“.

11_resize

На другиот крај од собата, Hunziker направил пријатен простор за седење околу високиот камен камин. Поставил мохер софа и фотелји околу геометриска коктел маса, негов сопствен дизајн. „Сакав нешто многу скулптурно, а не нешто премногу модерно, и едноставно ми се допадна начинот на кој излезе“, вели тој за делото, кое е фокусирано на пространиот килим од Driscoll Robbins. „Ми се допаѓа идејата да го фрлам тоа во овој голем простор“, додава тој за подната облога.

2_resize

Големо платно од Jacqueline Humphries гледа на троседот што е опкружен со пар прилагодени бочни маси на кои се наоѓаат столни ламби на Alexander Lamont. Веднаш позади, група антички јапонски садови поставени се на античка Kuruma Tansu комода. „Посакав нешто старо со патина и карактер да влезе во куќата која воглавном е модерна“, вели Hunziker. „Речиси секогаш се обидувам да користам нешто што е пронајдено, бидејќи голем дел од мојот мебел е дизајниран по нарачка за клиентот и куќата. Тоа може да стане премногу, па секогаш се трудам да користам и нешто старо за да дадам повеќе карактер“.

5_resize

Во центарот на собата, Hunziker осмисли трет простор за седење што е „поориентиран кон погледот“, поставувајќи четири фотелји од Baker околу масата за коктел од даб инспирирана од африканските резби. „Откако е се завршено, убаво е да се види дека иако просторијата е многу голема и отворена, целиот простор делува многу пријатно и воопшто не е преоптоварен“, додава тој. „Палетата на бои и материјалите се бирани да бидат топли и привлечни“.

10_resize

Дополнително за одмор во резиденцијата придонесуваат и апартманите за гости, сместени на пониското ниво, вклучувајќи и спална соба проектирана за синот на клиентката со полн ѕид од лизгачки стаклени панели кои се отвораат директно во внатрешниот двор. Тоа е само еден од многуте простори што прикажуваат дела од обемната уметничка колекција на сопственикот на куќата, која вклучува дела од di Suvero, Jacques Lipchitz и Simon Ling.

7_resize

„Никогаш не предвидувам каде точно ќе висат и ќе се постават делата. Сметам дека штом ќе го поставите мебелот, многу пати тоа ја менува динамиката на просторот и архитектурата и она што сте мисле дека е добро да се постави некаде, на крајот изгледа подобро на некое друго место“, вели Hunziker.

6_resize

Бегството во оваа куќа е одлично одморалиште за клиентката и нејзините возрасни деца, кои уживаат во многу од безбројте погодности проектирани од архитектите од Suyama Peterson Deguchi специјално за семејството, особено огромниот кујнски остров, надграден со светлечки тела на Френк Лојд Рајт, кои се дизајнирани да ја привлечат нивната љубов кон готвењето. „Монтана може да биде снежна, студена и ветровита“, вели Hunziker. „Овој дом треба да биде засолниште“.

0_resize

4_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top