Насловна / Вести / Со нив нема да имате проблеми на паркингот: Кои се најтесните автомобили на пазарот?

Со нив нема да имате проблеми на паркингот: Кои се најтесните автомобили на пазарот?

Автомобилите се се поголеми, а широчината на паркинг местата е иста веќе со децении. Логиката вели дека работите со време се менуваат, а ако го земеме во предвид растот на габаритите на патничките возила, сосема е јасно дека автомобилите се потешко ќе се провлекуваат низ тесните градски улици изградени пред 50 и повеќе години.

tesniavtomobili-glavna

Сепак, најголемиот проблем претставуваат тесните паркинг места во јавните гаражи и на паркиралиштата, со оглед дека стандардите врз основа на кои се исцртуваат паркинг местата не се менувале со децении. И додека пред триесетина години широчината на просечен автомобил изнесувала околу 180 cm, денес има возила пошироки од 2 метри. Но, и меѓу денешните модели има такви кои се наменети првенствено за градски узлови на возење и со кои не би требало да има проблеми на паркингот. Во потрагата по најтесните автомобили, има неколку изненадувања – прво Smart не е најтесниот автомобил. Претходната генерација имала широчина од 175cm со ретровизори, што е навистина меѓу подобрите резултати. Но, новиот Smart се раширил на дури 189cm. Малите градски атомобили се некаде во тој опсег, па така Citroen C1 оди до 188 cm, Fiat 500 до 187 cm а Hyundai i10 до 187 cm. Во сегментот на поткомпактни автомобили најтесна е Honda e, затоа што наместо надворешни ретровизори има камери. Широчината е 175 cm. Веројатно најтесниот автомобил (ако може така да се нарече) е електричниот Renault Twizzy. Благодарение на својата конструкција на квадрицикл, широчината му е само 139 cm. Доколку се сметаат само „вистинските“ автомобили, тогаш апсолутен победник е Kia со широчина од 159 cm, но без ретровизори.

tesniavtomobili1

najtesniavtomobili3

 

Испрати коментар

Scroll To Top