Насловна / Вести / Кактус-мафијата цвета: Криминал тежок милијарди

Кактус-мафијата цвета: Криминал тежок милијарди

Помалку бизарно, како побарувачката за рог од носорог, што значи смрт на животно, во ерата на социјалните мрежи, постои зголемен интерес за егзотични растенија. Исто како и животните, тие можат да исчезнат. Ретките сукуленти се особено барани, пренесува Дојче веле.

Фотографија од ретко растение со необичен изглед е споделена повеќе од десет илјади пати преку социјалните мрежи. Коментари како „Каде можам да го најдам ова растение?” веднаш се појавиле под фотографијата.

2_resize

Само неколку недели подоцна, во Јужноафриканската Република (ЈАР) беа уапсени шверцери кои се обидоа да го продадат ова ретко растение преку Интернет, што е строго забрането. „Речиси секој ден добиваме информации за илегалната трговија со загрозени растенија“, вели Питер ван Вајк, ботаничар кој работи со Јужноафриканскиот институт за биолошка разновидност.

Што поретко, поскапо

Во Јужна Африка, можно е да се најдат речиси една третина од сите познати видови сукуленти, растенија кои не бараат многу грижа и вода, како кактусите.

Повеќето од нив се на листата на загрозени видови и нивната продажба е забранета. Со помош на социјалните мрежи, трговијата со забранети растенија достигна криминални размери, нешто слично на, како што вели Ван Вајк, трговијата со рогови од носорог.

3_resize

Колку е позагрозено некое растение, толку е поголема побарувачката, а со тоа и цената. „За растение кое чинеше едно евро пред неколку години, во меѓувреме се нудат 1.700 евра “, вели биологот. Сукулентите често се оптички атрактивни растенија и привлекуваат купувачи особено во Европа и Северна Америка, но и во Азија.

4_resize

Засекогаш изгубени

Експертите од Кралската ботаничка градина во британско Киву работат на алгоритам кој ќе помогне да се открие нелегалната продажба на растенија на Интернет. Но, станува збор за трка со времето. Продажбата на ретки сукуленти расте не само во Јужна Африка, туку и во други делови на светот.

Во Чиле, цвета трговија со особено ретки кактуси. „Годишно во оваа трговија се вртат помеѓу пет и 23 милијарди долари“, тврди ботаничарот Пабло Гереро од Универзитетот во Консепсион.

Dense forest of giant cactus (Echinopsis atacamensis), Isla Incahuasi, Salar de Uyuni

Видовите кои растат само во одредени области се особено атрактивни за колекционерите. Минатата година, во Анкона, Италија, беше откриена пратка со околу илјада кактуси од пустината Атакама, кои биле продавани по цена од две до пет илјади долари по парче. Во пустината Атакама, веќе речиси и нема ретки видови кактуси од семејството копиапо. И Мексико се бори со сличен проблем.

5_resize

Во ЈАР, експертите веќе гледаат неповратно заминување на многу видови. Неодамна беа пронајдени меѓу шверцерите во заштитено подрачје на југот на земјата, растенија во вредност од над 100.000 евра.

Проблемот со запленетите и чувствителни растенија е тоа што тие можат да го преживеат овој стрес само во ботанички градини со специјална нега. „За природата, овие растенија се гзагубени засекогаш“, заклучува еден припадник на специјалниот одред на јужноафриканската полиција.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top