Насловна / Вести / Со еден клик до извод од ДУП во општина Центар!

Со еден клик до извод од ДУП во општина Центар!

klik do dup vo centar

Деталните урбанистички планови кои се јавни документи, во општина Центар станаа и реално достапни во целост. Со еден клик на веб страницата на општина Центар, граѓаните можат да имаат увид во секоја градежна парцела и да ги проверат параметрите за изградба.
Сите детални урбанистички планови се внесени во системот и од базата на податоци со еден клик се вадат изводи од ДУП – овите.
Геоинформацискиот систем (ГИС) го има и во другите општини, а во општина Центар се работи на воведување на ГИС и во другите сектори, освен урбанизмот. Секторот за градежништво и уредување на градежното земјиште веќе започна со полнење на базата на податоци.

Испрати коментар

Scroll To Top