Насловна / Вести / Словенија ја поддржа изградбата на контроверзната хидроелектрана „Мокрице“, поради енергетската криза

Словенија ја поддржа изградбата на контроверзната хидроелектрана „Мокрице“, поради енергетската криза

„Хидроелектраната „Мокрице „ќе биде важен фактор за зелената транзиција во Словенија“, соопшти компанијата Hidroelektrarne na spodnji Savi (HESS), откако му дала поддршка на овој проект. Сепак, ќе мора да бидат спроведени сите мерки препорачани во Студијата за влијанието врз животната средина, како и предлозите на Друштвото за проучување на рибите во Словенија.

mokrice1

mokrice2

Владата соопштила дека во овој случај, јавниот интерес е поважен од зачувувањето на природата, но и дека компанијата мора да се придржува до процедурите поврзани со заштитата на животната средина. Владата и наложила на компанијата HESS, која работи во склоп на државната GEN energija и нејзините групации, да уреди мрестилиште и да овозможи премин на водните животни. Во декември 2020 година, Управниот суд го блокираше проектот, откако Друштвото за проучување на рибите во Словенија, ја оспори владината одлука, која е донесена во склоп на постапката за издавање на градежна дозвола.  HESS сега има обврска одржливо да управува со долниот тек на Сава и нејзината притока Крка, и во тие реки повторно да ги насели зракоперките (Gobio uranoscopus), риби од фамилијата крапови, во склад со прописите за подрачјата вклучени во межата Natura 2000.

Барањето за дозвола за изградба на оваа електрана со моќност од 28MW, HESS го поднела во јуни 2020 година. Компанијата има веќе три електрани во долниот тек на Сава, а планира во каскада да има вкупно шест постројки.

mokrice3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top