Насловна / Арт и дизајн / Славините Allen, фасцинацијата од едноставноста

Славините Allen, фасцинацијата од едноставноста

Фасцинацијата од едноставноста на техничкиот алат ја родила серијата славини Allen. Дизајнерите од италијанското студио Odo Fioravanti Design Studio се инспирирале од формата на алатот Аленов клуч.

4

Во 1910. година Вилијам Г. Аллен го патентирал првиот клуч, кој наредните години брзо се раширил низ целиот свет. Серијата славини Allen во бањите внесува прецизност и рационалност на Аленовиот клуч. Нејзините современи форми лесно се прилагодуваат на различни стилови на опремање на бањите.

2

Со комбинирање на нежен и мек финиш и рамни линии и кривини, предметот на деликатен начин се приближува на човечкото тело.

Серијата славини Allen е наградена со престижната награда iF Design Award за 2020 година во категоријата дизајн на производи.

3 1 00

Испрати коментар

Scroll To Top