Насловна / Арт и дизајн / Дрвени прозорски рамки „наличники” во Русија

Дрвени прозорски рамки „наличники” во Русија

Ако некогаш сте посетиле руско село, сигурно сте приметили дека сите прозори на традиционалните дрвени  куќи обавезно се украсени со резбарени декоративни елементи, кои на руски се викаат „наличники”. Но, не се прават само поради убав изглед.

1

Старата уметност на копаничарството  присутна кај прозорските рамки, можела многу нешта да ни каже за домаќинот на некоја куќа: од неговата материјална состојба до политичките убедувања.

12

Европска архитектура во руски услови

Украсните прозорски рамки имаат две главни функции. Едната е чисто практична: имено, тие треба да ги покријат отворите кои остануваат помеѓу прозорската рамка и дрвениот ѕид за низ прцепот да не дува ветер. Другата функција е декоративна: треба да ја разубават куќата и посебно да се истакнат прозорите.

9

„Декоративните прозори на руските куќи првобитно се толкуваат како елемент на камена европска архитектура која стигнала во Русија со доаѓањето на италијанските мајстор”, вели фотографот Иван Хафизов, оснивач на виртуелниот музеј Nalichnki.com. Од 2007. година, тој патува низ Русија, барајќи најинтересни примероци на прозорски декорации. „Меѓу првите руски зданија со камени украси околу прозорите биле Вазнесењската црква во Коломенск и Ѕвоникот на Ивана Велики во Кремљ. Тоа било на почетокот на 16. век“.

10 8

Дрвените декоративни прозорски оквири се појавиле подоцна, некаде од 17. век, заедно со масовната појава на стаклени прозори во Русија. Претходно прозорите биле многу мали од дрвени капаци и се затварале со резе за да не излегува топлината. Фактички, што повеќе прозори на куќата, тоа значело дека сопственикот е побогат. Почнувајќи од времето на Петар  Велики во Русија се развива производство на стакло и постепено во куќите, најпрвин на имотните господа, а потоа и селаните, се појавуваат прозори во современа смисла. Просторот помеѓу рамот и ѕитот се полнел со коноп, а потоа се се покривал со дрвени рамки.

2

Најверојатно селаните прозорските украси ги приметиле на болјарските домови, но, бидејќи каменот бил скап материјал, орнаментите ги пренеле во дрво, објаснува Хафизов. „Може да се каже дека тоа е примена на европската архитектура во руски услови“.

6

Каде можат да се видат најубавите прозори во Русија?

Во почетокот, прозорите се украсувале по италијански канони од страна лачни, а во средина триаголни тимпанони. Потоа секаде почнале да се прават слични форми. Италијанска традиција може да се препознае само на куќи на преодот од 19. во 20. век во градот Севск во Брјанската област.

На југот на Русија покрај украсни прозорски рамки се правеле и осликани или изрезбарени прозорски капаци. Оваа традиција се усталила поради големиот број сончеви денови.

4

Додека најголемото мајсторство во резбаријата се среќава во сибирските градови и села. „Сибир е нашата Алјаска, регион богат со злато, каде луѓето одело во потрага по заработка“, објаснува Хафизов. „Тие можеле да си дозволат мајстори од Петербург. Кај нив куќите се огромни, со прозори кои се дупло поголеми од вообичаените, а декорациите на рамките се исклучително комплицирани“. Покрај тоа во Сибир материјал имало во изобилство, а за украсна резбарија најдобро е да се користат четинари со многу смола.

7

Во Сибир и Нижњи Новгород, распространет бил релјефен дуборез, додека во другите региони почесто се среќава прорезана резбарија, кога даската потполно се пресекува, станува транспарентна и добива ефект на чипка. Многу чипкаста резба до денес е сочувана во  Бурјатија, Удмуртија, Чувашија, Татарстан, у подмосковските населби Гуслици, Талдом и Кимри.

3

Што претставуваат украсите на прозорските рамки?

Ако добро се загледате, можете во орнаментите да препознаете и цвеќе, и листови, и ѕвезди и птици. Неки луѓе веруваат дека декоративните рамки се заштита од уроци, но Хафизов вели дека такво толкување прв пат се споменува дури во 80-тите години на 20. век. Покрај тоа во најразличните региони, каде живеат народи со различна вероисповест, орнаментите се многу слични.  Мајсторите на копаничарството и самите сметаат дека нивната функција е чисто декоративна.

11

„Некогаш рамките ги изработувале работилници кои превземале орнаменти една од друга и така тие се прошириле низ земјата“; објаснува мајсторот за столарија од Москва, Александар Салтиков.

Орнаментите се пренесувале од колено на колено, а талентираните мајстори пронаоѓале инспирација во најобичните работи: Во везот, на тапетите, пакувањата сапун или путер, бидејќи тие немале никакви списанија за декорација.

Во советско време се појавиле рамки со српови, чекани и портрети на Сталин. А денес, секој прави како умее.

13

Во селото Навашино во Нижегородската област, Хафизов пронашол куќа украсена со рамки со црковна симболика, а во Перм со знаци од карти за играње.

„Ние денес комбинираме најразлични елементи и стилови, од модерни до класични“, вели мајсторот Салтиков и додава: „И денес луѓето се многу заинтересирани за ова творештво. Кај мене во работилницата доаѓаат луѓе кои сакаат да ги обноват старите рамки или за својата куќа да направат нови“.

5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top