Насловна / Архитектура / „Скопје 2014“ не може да претставува културно наследство

„Скопје 2014“ не може да претставува културно наследство

Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата за развој на културата 2018-22 и Акцискиот план. На вчерашната прес конференција на која министерот Алаѓозовски ја презентираше стратегијата и планот се осврна и на заштитата на културното наследство „Ќе се спроведе ревизија на состојбите во установите и во Управата за заштита на културното наследство. Ќе се изработи стратегија за заштита и подготовка на нов закон за заштита на културното наследство. Во 2018-та ќе спроведеме и ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект „Скопје 2014“, кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство. Ќе се подготви листа на споменици од национално значење, Национален акциски план за превенција на криминал со културното наследство, како и надградба на постојниот информациски систем и соодветно одржување на Националниот регистер на културно наследство“, изјави министерот.

7777

Музејот на ВМРО, Археолошкиот музеј (архивот), Триумфалната порта и Спомен куќата на Мајка Тереза се впишани во Регистарот на културно наследство во 2013 година, иако беа изградени само неколку години пред овие датуми. Во случајот со Музеј на ВМРО, прогласен е за културно наследство иако во моментот кога е отворен како музеј, сè уште го немал карактерот на музеј, затоа што требало да има оформена музејска збирка. Предходната влада бришеше и ставаше објекти во Регистарот на културно наследство во зависност од нејзината потреба и отпочна со менување на надворешниот изглед на објектите од централното градско подрачје.

Испрати коментар

Scroll To Top