Насловна / Вести / Скопје го надмина годишниот ЕУ лимит за аерозагадување уште во февруари!

Скопје го надмина годишниот ЕУ лимит за аерозагадување уште во февруари!

За жал и оваа година Скопје ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари, соопштија од  Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“, што е показател дека еколошката и здравствена голгота на Скопјани продолжува и во 2018 година.

Во Европската Унија, дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички впросечени во 24 часа е 50 µg/m3. Во ЕУ, дозволениот број на надминувања на лимитите за PM10 честички е 35 денови во една календарска година. На 21 февруари 2018, овие ЕУ лимити се надминати на сите мерни станици во Скопје, освен Миладиновци, Општина Илинден.ск1

Вкупниот број на надминувања на 24 часовните гранични вредности (50 µg/m3) за PM10 честичките (броено во календарски денови), на секое мерно место во Скопје за тековната година, заклучно со 21 февруари годинава може да се види од податоците што ги соопшти „Скопје Смог Аларм“. Според нив дозволениот број денови кои го надминуваат дозволеното количество за сите општини е 35 дена.  Во 2018 година  вкупниот број на надминувања во општините е: Центар 40, Карпош 42, Лисиче 47, Гази Баба 45, Ректорат (УКИМ) 54.

„Скопје Смог Аларм“ потсетуваат дека Светска Банка (2015) проценува дека во Македонија од загадениот воздух годишно умираат 1,350 граѓани, додека Европската агенција за животна средина (2017) проценува дека годишно има до 3,000 смртни случаи заради аерозагадувањето. Тоа значи дека секоја година ни се случува еколошки геноцид, т.е. екоцид.

ск2

„Скопје Смог Аларм“ апелира до локалните и централните власти за итни и одржливи мерки за подобрување на воздухот во Скопје и низ цела Македонија. Воздухот во Скопје не смее да се користи како канализација на тешката индустрија и градежната индустрија. Мерки како дводневен бесплатен превоз се премали за еден од најзагадените градови во светот. Како за пример, Германија планира да воведе целосно бесплатен јавен превоз во пет најзагадени градови. Исто така, Кина ја ангажира армијата за да засади дрвја, најмногу во околината на главниот град Пекинг, и привремено затвори голем број на фабрики со цел да се намали загадувањето. Париз неколку пати воведе „ден без автомобили“ во центарот на градот. Се вели во соопштението на „Скопје Смог Аларм“.

скк3

 

Испрати коментар

Scroll To Top