Насловна / Вести / Си пристигна во Москва во „црвено знаме“

Си пристигна во Москва во „црвено знаме“

Луксузниот кинески автомобил „хунци“ е производ на кинескиот концерн ФАВ и претставува претседателски модел на автомобил. Во моментов се наоѓа во Москва, а вчера на аеродромот Внуково подготвен го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг кој е во официјална посета на Русија.

01

Првиот автомобил „хунци“ е произведен во 1959 година, што го прави најстариот кинески бренд за патнички автомобили. На кинески, „хунци“  значи „црвено знаме“.

Најпознати модели се E- ХС9 и три лимузини Х5, Х7 и Х9, како и Q – автомобил од типот СУВ.

Серијата Л се автомобили од претседателска класа, направени се по индивидуални нарачки и се користат за големи светски настани.

Автомобилот е аналог на рускиот претседателски автомобил „аурус“.

04

Новата верзија на блиндираната владина лимузина „хунци“ дебитираше минатото лето. Кинескиот претседател минатата година патуваше со блиндирана лимузина „хунци“ Н701 на самитот во Хонг Конг. Надворешноста на автомобилот е многу слична на лимузината од 2009 година, задржан е дизајнот со ретро мотиви, редизајнирана е надворешноста на моделот Л9. Разликата се манифестира во зголемената стаклена површина, подолго меѓуосовинско растојание, редизајниран резервоар за гориво, низок праг… Според некои извештаи, должината на Н701 надминува пет метри, но производителот на лимузини официјално не ги објавува своите технички податоци: проектот Н701 е доверлив.

05

Премиум брендот наскоро треба да излезе на рускиот пазар – неколку модели веќе се сертифицирани. И иако асортиман дефинитивно нема да го вклучува моделот Н701, ќе има различни лимузини и кросовери. Покрај тоа, ФАВ планира да започне со монтажа на луксузни лимузини во Белорусија.

02

Испрати коментар

Scroll To Top