Насловна / Вести / Си игравме со популарната игра „Ајде да ги трошиме парите на Бил Гејтс“

Си игравме со популарната игра „Ајде да ги трошиме парите на Бил Гејтс“

Бил Гејтс е познат како еден од најбогатите луѓе во светот и сите веќе знаеме дека неговото богатство изнесува 135,2 милијарди долари, растејќи од секунда во секунда…

1_resize

Меѓутоа, да се знае и да се разбере се две различни работи. Познатиот сајт luxurylaunches.com ја испробал својата шанса да го доживее неговото богатство – и не добиле малку пари – благодарение на играта „Ајде да ги трошиме парите на Бил Гејтс“. Станува збор за веб апликација која овозможува да купите што било на планетата, трошејќи ги парите на ко-основачот на Microsoft. По една минута помината во апликацијата, ќе се изморите од трошење пари.

2_resize

Приказната ја започнале со 100 милијарди долари, па дури и откако купиле семеен дом за 300.000 долари, три златни полуги во вредност од 2,1 милиони долари, франшиза од McDonalds вредна 4,5 милиони долари, јахти вредни 7,5 милиони долари, четири болиди Формула 1 за 60 милиони долари, едвај ја почнале оваа сума. Потоа, се фокусирале на искуства и интереси, па направиле филм од 100 милиони долари. Чувствувајќи се неверојатно богати, купиле не еден, туку три авиони Боинг 747 за 444 милиони долари, па дури и Мона Лиза. Потоа, го избрале масивниот крузер, бидејќи Џеф Безос ја има една од најголемите јахти на планетата.

Крузерот ги чинел 930 милиони долари. По уште неколку вили, потрошиле вкупно 2.431.650.000 долари. Купиле се што посакале и им останале 97.568.350.000 долари во касата! Оваа апликација навистина дава до знаење колку е богат овој човек – или од друга страна гледано, колку другите луѓе се сиромашни.

3_resize

Доколку сакате да видите колку пари ви се потребни за да си купите се што посакувате, ви предлагаме да ја пробате оваа игра.

4_resize

Luxurylaunches.com пробале уште еднаш и купиле дванаесет Ферарија, две јахти, два Формула 1 болиди, четири вили, хеликоптер Апачи, два авиони Боинг 747, Мона Лиза, крузер и продуцирале три високобуџетни филмови и не успеале да потрошат ни десет отсто од неговата вкупна вредност.

5_resize

Оваа апликација добива се поголема популарност на Google Play со повеќе од 100.000 инсталации и бројни високи оценки. Можете да ја играте на овој линк или да ја преземете преку Google Play Store.

Испрати коментар

Scroll To Top