Насловна / Вести / Што се менува на Фејсбук профилите од први декември

Што се менува на Фејсбук профилите од први декември

Фејсбук отстранува неколку полиња кои содржат информации од профилите, вклучувајќи религиозни и политички ставови.

Фејсбук ги информираше корисниците дека почнувајќи од следниот месец ќе отстрани четири полиња со информации од профилите. Тие полиња вклучуваат религиозни ставови, политички ставови, адреси и поле „заинтересирани за“, што укажува на сексуалната ориентација на корисникот.

fb

Промената ќе стапи на сила на 1. декември. Портпаролот на компанијата рече дека причината за промената е користењето на социјалната мрежа да се направи полесно.

„Како дел од нашите напори да го направиме Фејсбук полесен за навигација и користење, отстрануваме неколку полиња на профилот: заинтересирани за, религиозни ставови, политички ставови и адреса. Испраќаме известувања до лицата кои ги пополниле овие полиња, информирајќи ги дека ќе бидат отстранети“, се вели во соопштението на компанијата.

Известувањето укажува дека другите кориснички информации ќе останат на нивните профили заедно со останатите контакти и основни информации.

fb1

Одлуката на Фејсбук да се ослободи од овие специфични полиња на профилите е дел од напорите да ја унапреди својата платформа, која моментално се состои од неколку функции кои донекаде се застарени.

Вреди да се напомене дека полињата на информации кои Фејсбук одлучи да ги отстрани – се оние што другите големи социјални мрежи не ги нудат. Платформите како Инстаграм и Тик-Ток имаат образец на едноставни биографии кои им овозможуваат на корисниците да споделат информации за себе, не навлегувајќи во конкретни детали, како што се политички или религиозни ставови“, пишува порталот techcrunch.com.

fb3

Порано, луѓето можеби биле заинтересирани да ги пополнат своите профили со дополнителни информации, но како што правилата за нарушување приватност стануваат појасни и подефинирани – корисниците можеби повеќе нема да сакаат да споделуваат дополнителни детали за себе на мрежата.

Инаку, „Мета“ минатата недела отпушти 11.000 работници, што е околу 13 отсто од нејзината работна сила.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top