Насловна / Вести / Што најмногу се пребарувало на Гугл во 2023 година

Што најмногу се пребарувало на Гугл во 2023 година

Американскиот технолошки гигант Гугл ги објави податоците во кои е наведено што најмногу се гуглало во 2023 година, а корисниците барале се – од поп-култура до смрт на познати личности ширум светот, но кога станува збор за конфликти, најголем интерес бил изразен за војната меѓу Израел и Хамас.

Многу се пребарувало и за подморницата што експлодираше во Атлантикот на пат кон Титаник, како и разорните земјотреси во Турција и Сирија во февруари, исто така биле многу пребарувани, пренесе АП.

g1

Кога станува збор за личности, корисниците најмногу пребарувале информации за Дамар Хамилн, американскиот фудбалер на клубот Бафало Билс, откако во јануари доживеа срцев удар на теренот, но успеа да се опорави.

Постоа, следат холивудскиот актер Џереми Ренер, кој преживеа инцидент кога го згмечи плуг за снег.

g2

Исто така, се пребарувало и за починатите познати личности Метју Пери и Тина Тарнер.

Кога станува збор за седмата уметност, најмногу се гугглале податоците за филмот „Барби“, „Опенхајмер“ и индискиот трилер „Џаваан“.

Најбарана песна годинава беше „Идол“ на музичкото дуо Јоасоби.

Податоците се земени од 1. јануари до 27. Ноември.

g4

 

Испрати коментар

Scroll To Top