Насловна / Архитектура / Шкотска со задолжителна примена на стандардите за пасивни куќи во колективното домување од 2024 година

Шкотска со задолжителна примена на стандардите за пасивни куќи во колективното домување од 2024 година

Новите законски измени кои важат  по однос на користење стандардите за пасивни куќи при пизведба на нови станбени објекти стапува на сила во Шкотска откако нацрт законот, беше одобрен од владата претходно овој месец.

Новиот нацрт-закон за домашни еколошки стандарди за станбени објекти (Шкотска) сега ќе биде под мониторинг на секундарното законодавство со цел да биде целосно донесен до крајот на 2024 година, според писмото испратено до Роули од шкотскиот министер за домување со нулта емисии на јаглерод, Патрик Харви.

Во соопштението, организацијата Пасивхаус Траст (Passive house trust) се  вели: „Тоа е навистина напреден пристап на шкотската влада и позитивен исчекор на препораките на  собранието по однос на климатската криза од 2021 година. Тие треба да бидат поздравени за преземањето на овој клучен чекор кон исполнувањето на  целите за нулта емисии на јаглерод. Сега мораме да се погрижиме законот да биде добро применлив и имплементиран за да се почувствува неговото влијание врз реализацијата на идните зафати за колективно домување во Шкотска“.

1

Неодамна беше завршен проектот за импелментирање на овие стандарди врз становите во земјата во Стирлингшир и наскоро се планира со забрзано темпо да се реализира на територијата на Глазгов.

Шкотска ја таргетираше 2045 како година за краен рок да ги направи сите нејзини објекти нето нула, иако Роули нагласи дека би сакал овој процес да се движи со забрзано темпо.

„Иако ги ценам потезите што шкотската влада ги презеде досега за да ги направи новите куќи енергетски поефикасни, не верувам дека активностите што тие моментално ги преземаат ќе не одведат до таму каде што треба да бидеме доволно брзи во однос на нашите нето-нула цели. “, рече тој во изјавата. Затоа е многу добредојдено што тие ќе продолжат со повисоките стандарди што ги бара шкотскиот еквивалент на Пасивхаус што  го предложив“, изјави Алекс Роули, преставник од владата.

2

Испрати коментар

Scroll To Top