Насловна / Арт и дизајн / Шарен павилјон за лондонската финансиска четврт Canary Wharf

Шарен павилјон за лондонската финансиска четврт Canary Wharf

Британската уметница Morag Myerscough создаде шарен павилјон за лондонската финансиска четврт Canary Wharf, кој реагира на ублажувањето на ограничувањата поради коронавирус со тоа што ги охрабрува луѓето „безбедно да поминуваат време заедно“.

1_resize

Павилјонот Сонце зазема место на плоштадот Montgomery во близина на место кое е опкружено со челични и стаклени високи згради, синоними за областа и неодамна завршениот цилиндричен облакодер One Park Drive од Herzog & de Meuron.

2_resize

Павилјонот е создаден како дел од програмата за летни настани на Canary Wharfa и е последно дополнување на неговата јавна уметничка збирка, која има повеќе од 75 постојани дела.

3_resize

Изработена од дрво со метални тенди, инсталацијата вклучува сцена и шарен простор за седење кој обезбедува место за ручек, средби со пријатели или слушање музика.

4_resize

„Павилјонот е одговор на повторното будење на кое се надеваме ова лето“, рече Myerscough, мислејќи на неодамнешното олеснување на ограничувањата поради Ковид -19 во Англија.

5_resize

„Целта е луѓето да гравитираат кон тоа и едноставно да поминуваат време заедно“.

Дизајнот е намерно во контраст со околината и се одликува со карактеристиките на Myerscough, заедно со мотиви на сонце што таа го применила во претходните проекти, вклучувајќи биофилно кафуле, подигнато во атриумот на деловна зграда во Лондон.

6_resize

7_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top