Насловна / Вести / Куќа покрај плажа во Австралија се истакнува со нејзиниот модерен дизајн

Куќа покрај плажа во Австралија се истакнува со нејзиниот модерен дизајн

Проектантското биро CLO Studios од далечната Австралија негува стил кој не ги преминува границите на модерниот минализам и во никој случај не е лишен од функционалност.

4_resize

Тимот кој ја сочинува архитектонската канцеларија знае многу добро како да ги поврзе ентериерите со надворешната средина, обезбедувајќи совршена рамнотежа помеѓу врвниот луксуз и природниот шарм.

2_resize

Пред неколку месеци, CLO Studios беше ангажиран да ја преуреди веќе импресивната резиденција, која ја проектирал легендарниот архитект Geoffrey Bawa, британец од Шри Ланка, непосредно пред да почине. Сместена на сончевиот брег на Queensland, куќата Boonburrh сега објектот му припаѓа на младо семејство кое деновите за одмор ги поминува во оваа куќа.

1_resize

Во оваа прекрасна куќа, сите простори – ентериери и екстериери – зрачат со луксуз кој станува „едно“ со природната убавина и животната средина. Во почетокот, првиот елемент кој импресионира не е ништо друго до надворешното опкружување, кое добило нов „живот“ и се претворило во екстремна, ултра летна идилична средина, идеална за моменти на бескрајна релаксација за целото семејство. Тропската естетика, со високи палми и длабоко синило на морето во позадина, делува како „платно“ за другите додадени елементи и простори за живеење кои великодушно нудат чувство на мир.

3_resize

Што се однесува до внатрешноста на куќата, продолжува слична филозофија. Главниот акцент во дизајнот на куќата се смели тонови кои се избрани да дадат модерна димензија. Навистина е импресивно колку убаво се „врзуваат“ за зеленилото на природата. Конкретно, црната е онаа која доминира од агол до агол, без значење дека просторите изгледаат помали отколку што се, бидејќи големите прозорци прават собите да бидат „преплавени“ со многу светлина.

7_resize

Дополнителна димензија и осветленост се обезбедуваат со додавање бои и посебен декор. Златните елементи и внимателното вештачко осветлување создаваат луксузна атмосфера, додека подеднакво модерните нијанси – како сива и бела – го прават крајниот резултат поинтересен. Сепак, дрвените површини нудат безвременост во дизајнот и ја прават куќата да изгледа „потопло“.

12_resize

11_resize

9_resize

8_resize

6_resize

5_resize 10_resize

13_resize

Испрати коментар

Scroll To Top