ШАФРАН

Едно од омилените рaстенија во градината во овој период од годината е шафранот (Crocus sp.). Тој претставува многугодишно растение од фамилија Iridaceae. Кај нас се јавува на почетокот на пролетта. Вообичаено има по три цветови на секое стебленце. Бојата на цветот може да е виолетова, жолта, бела и бела во комбинација со виолетова. На цветот има три тенки врвчиња од кои се добива зачинот. Интересно е што во зависност од периодот од денот цветот се отвора на сонце и се затвора навечер.

Се користи како зачин, а цената за еден килограм е многу висока. Високата цена е резултат на фактот што за да се направи еден килограм зачин потребни се околу 200.000 коренчиња шафран. Многу често се продава фалсификуван шафран, па затоа треба да се внимава секогаш тој да биде во форма на долги темноцрвени конци.

Испрати коментар

Scroll To Top