Насловна / Вести / Се чека изработката на ДУП за ревитализација на езерото Треска

Се чека изработката на ДУП за ревитализација на езерото Треска

ezero treska revitalizacija
Изработката на детален урбанистички план ја одолжи постапката на општина Сарај за ревитализација на езерото Треска. Четири месеци откако Владата ѝ го додели комплексот на општината, формирано е јавно претпријатие кое го одржува езерото, а за натамошните активности се чека изработката на ДУП.

Од општината очекуваат до лето да го изработат планот, а до крајот на годинава да најдат партнер кој ќе му го врати некогашниот сјај на езерото. Засега интерес за комплексот покажале неколку странски инвеститори.

Општина Сарај од Владата го доби езерото Треска лани во ноември. Тогаш градоначалникот Мурати најави дека запуштениот комплекс ќе го направи вистинска туристичка атракција.

Езерото Треска речиси 20 години е затворено за капење бидејќи водата е загадена, а со години никој не успеа да изгради пречистителна станица. Но и покрај забраната и предупредувањата дека водата не е бактериолошки чиста, жителите од овој дел на градот го користат за разладување во лето.

Испрати коментар

Scroll To Top