Насловна / Архитектура / Севиља и Валенсија, домаќини на второто издание на фестивалот за урбана архитектура «TAC!»

Севиља и Валенсија, домаќини на второто издание на фестивалот за урбана архитектура «TAC!»

ТАК! Фестивалот за урбана архитектура е иницијатива спроведена од страна на Министерството за транспорт, мобилност и урбана агенда (МИТМА), во соработка со фондацијата Arquia, која е наменета за млади архитекти да го спроведат дизајнот и изградба на привремен павилјон кој ќе вклучува изложби, состаноци и активности.

Оваа иницијатива има за цел да ги обедини современата архитектура и студентите по архитектура преку размисли за урбаното и општественото. Неговата главна цел е да ги афирмира младите архитекти на национално ниво, овозможувајќи им на  победниците својот проект да го изведат на јавна површина со тоа и да ја реактивираат.

Идејата на фестивалот е секоја година еден шпански град да се претвори во простор за иновации и експериментирање преку изведбата на привремен павилјон. Па затоа ќе бидат отворени по два повици. Првиот, организан во форма на натпревар за проектирање на  привремен павилјон во чиј простор ќе се одржува фестивалот TAC! и, од друга, повик до градските општини со цел фестивалот да се одржува во различен шпански град секоја година и на овој начин, да се презентираат најдобрите архитектонски проекти во различни делови на Шпанија.

МИТМА (Министерството за транспорт врски и урбанизам) ги избра Севиља и Валенсија за домаќини на второто издание на фестивалот за урбана архитектура «TAC!» во 2023 година.

Додека Севиља се фокусира на работата во мултидисциплинарни тимови од уметници, архитекти и научници за развој на проекти кои, преку културата, ќе обработуваат прашања како што се климатските промени, мобилноста, како и односот помеѓу урбаниот центар и тактилните зони (периферијата) , Валенсија, ќе се претстави со  иницијативата Ágora Climática (Климатска агора) како центар за социјални и урбани иновации во градот, се со цел да го поттикне интересот на граѓаните за урбаната екологија. Нејзината иницијатива има за цел да генерира нови искуства во урбаните ткива преку точки на средба во јавниот простор, како што се работилници за колективно производство и иницијативи за размена на идеи.

4

Вчера заврши првото издание на фестивалот, што се одржа во градот Гранада, каде што граѓани и професионалци учествуваа на културните, рефлексивни и средби кои се одржаа под привремениот павилјон AIRE, дизајниран од архитектонското студио P + S.

Од вкупно девет градови кои се претставија на овогодинешното издание, токму оние од Севиља и Валенсија ја добија привилегијата да одговорат на критериумите за избор од страна на жирито кои вклучуваат повеќе аспекти ( интеграцијата во животната средина, урбаниот и архитектонскиот квалитет, одржливоста и степенот на реализација на проектите).

3 2 1

Испрати коментар

Scroll To Top