Насловна / Вести / Семејствата ја пошумуваат Виена

Семејствата ја пошумуваат Виена

На есенскиот фестивал за пошумување, „Шумата на младите Виенчани“ закажан за 22-ри октомври 2022 година, семејствата со деца ќе засадат 10.000 стебла и грмушки во виенската општина Favoriten. Шумарите на градот Виена ќе помагаат при садењето на дрвјата и ќе даваат информации за видовите стебла кои виреат во градот. Секоја година се повикуваат семејства со деца, но и сите заинтересирани граѓани на Виена да учествуваат во оваа акција на пошумување и да дадат свој придонес во создавањето на нова шума.

wald1

Виенската шума расте за 50.000 до 100.000 квадратни метри годишно и го подобрува квалитетот на животот на луѓето. Обезбедува здрава урбана клима, место за опуштање и ново живеалиште за многу животни. Покрај садењето на дрвја, ќе бидат организирани и различни практични и информативни активности за деца и за возрасни. Акциите за пошумување се иорганизираат во послабо пошумените подрачја на североистокот и југот на Виена од 1985 година.

wald2

 

Испрати коментар

Scroll To Top