Насловна / Вести / Сем Алтман – враќање на отпишаниот: Што се случувало позади отказот?

Сем Алтман – враќање на отпишаниот: Што се случувало позади отказот?

Во пресврт од кој не би се срамеле ниту сериите од Боливуд, ко-основачот на компанијата OpenAI ќе се врати на позицијата извршен директор, само неколку дена откако бордот му врачи отказ.

Постигнатиот договор меѓу Алтман и компанијата во принцип подразбира назначување на нов одбор, како очигледна реакција на неговото отпуштање, што предизвика другите вработени да се закануваат дека ќе си заминат доколку Алтман не се врати на функцијата извршен директор.

s2

На драматичните денови во OpenAI, прогонувањето и враќањето на Сем Алтман, се чини дека кумувало едно писмо до извршниот одбор во кое се предупредувало на големо откритие во областа на вештачката интелигенција, што би можело да претставува закана за човештвото, пишува Ројтерс.

Писмото и новиот алгоритам се клучни фактори кои влијаеле на извршниот одбор да го отпушти Алтман, ко-основачот на OpenAI и најодговорен за големиот пробив на генеративната технологија на вештачката интелигенција (ВИ).

Извори на Ројтерс наведоа дека отпуштањето на Алтман било поттикнато од писмото во кое се предупредува на комерцијализација на напредокот, пред да се разберат последиците до кои може да доведе.

s

И покрај тоа што не сакаа да ги коментираат наводите на Ројтерс, портпаролот на компанијата потврди дека е испратена интерна порака за „Проект Q“ и писмо до одборот пред настаните што започнаа минатиот викенд.

Наводно, Алтман остварил пробив на полето на „суперинтелигенцијата“. Некои во OpenAI сметаат дека „Проектот Q“ се однесува на развојот на она што е познато како општа вештачка интелигенција, изјави извор за Ројтерс.

Компанијата OpenAI го дефинира OВИ како автономни системи кои можат да ги надминат луѓето во повеќето економски вредни задачи. За илустрација, HAL 9000 од Одисеја во вселената претставува систем на општа вештачка интелигенција.

s1

Премината границата

Новиот модел развиен од OpenAI бил во состојба да реши одредени математички проблеми. Иако решавал задачи од основно училиште, со самиот факт што ги решавал тестовите, експертите биле многу оптимистични за неговиот успех во иднина.

Експертите ја сметаат математиката како граница која генеративната ВИ се уште не ја преминала. Во моментов, вештачката интелигенција е добра во пишување и преведување, така што статистички го предвидува следниот збор, поради што одговорите на исто прашање може драстично да се разликуваат.

Можноста да решава математички задачи, во кои има само еден точен одговор, имплицира дека ВИ поседува способност за рационализирање слична на човечката интелигенција.

За разлика од дигитрон кој може да реши ограничен број операции, OВИ може да генерализира, учи и разбира.

s4

Идниот Скајнет?

Во своето писмо до одборот, експертите ја навеле вештината на ВИ и потенцијалната опасност. Веќе долго време се водат дискусии меѓу компјутерските научници за опасностите што можат да ги претставуваат високоинтелигентните машини.

На пример, што ако решат дека уништувањето на човештвото е во нивен најдобар интерес?

Исто така потврдено е и постоењето на научен тим за ВИ, кој собра бројни експерти и испитуваше како да ги оптимизираат ВИ моделите за да се подобри нивната способност за размислување и можеби да се обучат за научна работа.

Испрати коментар

Scroll To Top