Насловна / Вести / Секој трет нов автомобил во Норвешка е електричен

Секој трет нов автомобил во Норвешка е електричен

Над 30% од продажбата на новите автомобили во Норвешка во 2018 година, отпаѓа на модели на електричен погон, што е нов рекорд на оваа скандинавска земја. Норвешка веќе долго е европски лидер во продажбата на електрични автомобили, но во 2018 година ги надмина сите претходни години кога станува збор за уделот на електричните возила во продажбата на нови автомобили.

Во годината која е зад нас, електричните автомобили учествувале со 31,2% во продажбата на нови возила во Норвешка, што е голем скок во однос на 2017, кога тој број изнесувал 20,8%. Само 4 години претходно, во 2013 година, тој удел изнесувал само 5,5%.

Evnorway3

EVnorway1

Во 2018 година, забележан е пад на проджбата на дизел возилата за 28%, додека најпродаван модел на струја во истата година бил Nissan Leaf.

Норвешка планира до 2025 година целосно да ја запре продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување, со цел да го намали загадувањето на воздухот. Затоа државата и натаму ја стимулира продажбата на електрични автомобили преку разни субвенции и даночни олеснувања.

evnorway2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top