Насловна / Архитектура / Седум неверојатни базени проектирани од познати архитекти

Седум неверојатни базени проектирани од познати архитекти

За време на топлите летни денови, базен е базен. И кога размислувате само да се разладите и да избегате од топлината, ако водата е чиста и сонцето пржи, функцијата генерално ја засенува формата.

Сепак, тоа не значи дека естетиката не е важна. Големите архитекти долго време ги вклучувале базените како интегрални елементи на своите проекти. Иако овие базени прекрасно ја надополнуваат околината за која се изградени, тие честопати се зачудувачки сами по себе.

Подолу, ќе погледнеме седум легендарни базени проектирани од некои од најголемите имиња во архитектурата.

Базенот во куќата Das Canoas во Рио де Жанеиро, Бразил

osk

Архитект: Оскар Нимаер

Година на градба: 1951 година.

Проектирана од Оскар Нимаер како дом на неговото семејство, куќата Das Canoas се смета за одличен пример на модерната бразилска архитектура. Камена громада ги зацврстува базенот и куќата, создавајќи сопојување помеѓу природното и вештачкото, пишува Architectural Digest.

Базенот во Leca da Palmeira, Португалија

siza

Архитект: Алваро Сиза

Година на градба: 1966 година.

Комбинирајќи спокој и сигурност на базенот со солена вода и звуци на брановите кои удираат од океанот, базените во Leca da Palmeira во Португалија го нудат најдоброто од двата света. Проектирани од познатиот португалски архитект Алваро Сиза, плажата има два природни базени, кои се исполнети со свежа морска вода и врамени се со карпест терен за беспрекорно да се вклопат во природното опкружување.

Therme Vals, Швајцарија

svajc

Архитект: Петер Цумтор

Година на градба: 1993–1996 година

Проектирана од Петер Цумтор, оваа бања е изградена на единствените термални извори во кантонот Граубунден, Швајцарија. Конструкцијата е делумно вкопана во падината – речиси невидлива од задната страна – а ѕидовите се направени од локално ископан кварцитен камен. Базенот е изграден во слоеви, а 60.000 мултитонални ленти изгледаат како каменот да е пресечен на половина.

Приватен базен во Каталонија, Шпанија

bofil

Архитект: Рикардо Бофил

Година на градба: 1973.

Црвената боја на овој приватен базен секако привлекува внимание уште на самиот почеток. Проектиран од шпанскиот архитект Рикардо Бофил, базенот е опкружен со каскадни скали кои ги водат капачите во розовата вода.

Базенот на Villa Cavrois во Кроа, Франција

kroa

Архитект: Роберт Малет-Стивенс

Година на градба: 1929–1932.

Овој базен се наоѓа директно покрај котларата во модернистичката вила од 1932 година проектирана од Роберт Малет-Стивенс за индустријалецот Пол Кавро. Хигиената и здравјето биле важни елементи кои Кавроа сакал да ги изрази преку својот имот, а овој базен биле еден од начините на кои Малет-Стивенс ги оживеал овие идеали. Посетителите можат сами да се уверат во убавината на овој базен бидејќи вилата е отворена за јавноста од вторник до недела од 10 до 18 часот.

Базенот во Cuadra San Cristobal во Los Clubes, Мексико

mexiko

Архитект: Луис Бараган

Година на градба: 1968.

Иако базенот на приватниот имот Cuadra San Cristobal можеби изгледа привлечен за капачите, познатиот архитект Луис Бараган всушност не го проектирал за човечка употреба. Наместо тоа, ова огромно поило направено е специјално за коњи – во него да пливаат и да пијат вода. Иако ова може да изгледа неочекувано, има совршена смисла со оглед на шталите лоцирани на имотот.

Casa Monterrey во Монтереј, Мексико

tada

Архитект: Тадао Андо

Година на градба: 2011–2013

Овој станбен објект проектиран од познатиот јапонски архитект Тадао Андо пред нешто повеќе од една деценија, располага со извонреден базен кој започнува од едната страна на куќата и се протега во конзола со поглед на планинскиот венец Сиера Мадре во Мексико.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top