Насловна / Вести / Седум најскапи електрични возила во 2022 година

Седум најскапи електрични возила во 2022 година

Електричните возила доживуваат експанзија во послените години, меѓу другото и поради фактот што се перцепираат и како средство за борба против климатските промени. Како и сите други возила, и оние на електричен погон имаат свои луксузни модели кои чинат цело богатство. Во продолжение, седумте најскапи електрични возила во светот во тековнава година.

7. The Founders Series Tesla Roadster

Според Илон Маск, The Founders Series Tesla the Roadster забрзува од 0-60 mph (0-96 km/h) за 1.9 секунди, има максимална брзина од над 250 mph (402 km/h), и домет од 620 милји (997 km). Веб страната на Tesla прима резервации за Roadster во изминатите неколку години. Возилото чини $250,000 и претставено е во 2017 година, но сеуште чекаме на 2023 година кога треба да го видиме овој автомобил на патиштата.

electric7

6. Mercedes-Benz SLS AMG Electric Drive

Не е големо изненадување да се види Mercedes на листата на најскапи електрични возила. Компанијата го зазема шестото место на оваа листа со својот модел  Mercedes-Benz SLS AMG Electric Drive чија цена е  $544,000. Возилото е претставено во летото 2013 година, како ограничена серија на електричната верзија на еквивалентот на моделот со внатрешно согорување SLS AMG. Возилото е погонувано од четири мотори кои имаат 544 KW. Со толкава моќност, возилото може да забрза од 0-62 mph (0-100 km/h) во 3.9 секунди.

electric6

5. Drako GTE

Моделот на производителот на хиперавтомобили Drako Motors, под името Drako GTE, е возило со моќност од 1,200 hp и максимална брзина од 206 mph (331 km/h), со цена од $1.25 милиони. Производството на Draco GTE беше првично планирано за 2021 година, но возилото сеуште не е влезено во сериско производство.

electric5

4. NIO EP9

Кинескиот производител на автомобили NIO има свој адут во машината со 1390hp, која чини $1,5 милиони. Ова електрично возило може да забрза од 0-124 mph (0-200km/h) во само 7.1 секунди, со помош на четири мотори со високи перформанси. Максималната брзина на овој автомобил е 194 mph (312 km/h). Воилото има домет од 265 милји (426 km) а времето за целосно полнење е 45 минути.

electric4

3. Hispano Suiza Carmen Boulogne

Третиот на оваа листа е моделот на производителот од Шпанија, Hispano Suiza, со историја од 120 години. Компанијата е формирана во 1904 година и има извонредно досие во производството на луксузни автомобили, авионси мотори, камиони и оружје. Hispano Suiza го претстави моделот Carmen Boulogne, електричен хипер луксузен автомобил во 2020 година. Има 1,114 hp обезбедени од четири мотори. Може да забрза од 0-60 mph (100 km/h) за помалку од 2.6 секунди и има домет од 249 милји (400 km). Цената на овој луксузен модел започнува од околу $1.93 милиони , па нагоре.

electric3

2. Rimac Nevera

Овој хрватски автомобил има цена од околу $2.44 милиони. Поседува моќност од 1,914 hp и може да забрза од 0 до 100 km/h за само 1,85 секунди.

electric2

1. Lotus Evija

Ова е најскапиот електричен автомобил на светот, со цена од $2.8 милиони. Хиперавтомобилот има моќност од 1,972 hp благодарение на четири електрични мотори. Има максимална брзина од 200 милји на час, и забрзува до 100km/h за помалку од 3 секунди.  Возилото се произведува во многу ограничени количини.

electric1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top