Насловна / Арт и дизајн / Седум најпрепознатливи очила во архитектурата

Седум најпрепознатливи очила во архитектурата

Чудна е врската помеѓу архитекти и очилата… Овој моден детал всушност го претставува начинот на кој тие многу суптилно го носат стилот кој ја карактеризира нивната архитектура.очила архитекти (8)

Без разлика дали се кружни или квадратни рамки, црни или бели, дебели или тенки, тие ги претставуваат визионерските идеали на лицето кое ги носи.
Прочитајте кои приказни се скриени зад седумте најпознати очила во архитектурата.

очила архитекти (1)
Ле Корбизје
Ле Корбизје не бил само еден од пионерите на модерната архитектура, но, исто така, го започна трендот на носење на очила со кружни рамки. Неговите очила биле направени по нарачка кај Bonnet, елитна париска продавница за очила. Едноставната, кружна форма ги рефлектирала функционалистичките идеали и чистите форми кои ја карактеризираат неговата работа како во архитектурата така и во неговите сликарски реализации, пишува ArchDaily.

очила архитекти (2)
Филип Џонсон
Изгледаат познати? Не е случајно, бидејќи очилата на големиот американски архитект Филип Џонсон потсетуваат на оние на Ле Корбизје, бидејќи во 1934 година, ги нарачал кај „Картие“ со барање да личат на очилата на неговиот идол. Класичната тркалезна рамка ги отсликува идеалите кои Џонсон ги имал во тоа време, а нешто подебелите рамки укажуваат на хумористичната страна на неговата личност. Иако во текот на годините неговата работа се променила драстично, архитектот до крајот на својот живот останал верен на стилот на очила кој го избрал 70 години порано.

очила архитекти (3)
Џо Минг Пеј
Уште еден архитект кој бил инспириран од очилата на Ле Корбизје. Неговите дела се познати по примена на едноставните геометриски форми, како кругови, квадрати и триаголници.

очила архитекти (4)
Ричард Мејер
За разлика од дебелите рамки на очилата, кои ги префериле неговите претходници го претпочитаа, Ричард Мајер се одлучил за тенка жичена рамка. Мајер се разликувал од неговите модернистички современици со софистицираност и поедноставен дизајн, кој главно се карактеризирал со употреба на бели материјали. Неговата архитектура се карактеризира со чиста геометрија, отворен простор и акцент на светлина, како што може да се види и во изборот на неговите очила.

очила архитекти (5)
Даниел Либескинд
Правоаголните рамки на Либескинд се во целосен контраст со заоблениот модел на Корбизје. Тесната и ортогонална рамка, со носач во V-форма, ја одразува впечатлива аглеста архитектура со која Либескинд е препознатлив. Тој има неколку пара очила, со иста форма, но во различни бои, кои ја претставуваат контраста на неговиот целосен црн стајлинг.

очила архитекти (6)
Тојо Ито
Изборот на обликот на очилата на овој архитект се менувале со текот на времето, но секогаш биле некоја варијација на правоаголната рамка. Оваа класична форма го издржал тестот на времето, исто како и неговата архитектура. Неговиот најнов модел на очила е во бела боја, со малку закривени агли и тие имаат сличен карактер, како и повеќе негови понови архитектонски дела како што е Музејот на барок во Мексико и Операта во Taјчунг во Тајван.

очила архитекти (7)
Рафаел Виноли
Рафаел Виноли во исто време не носи еден, ниту два, туку четири пара очила. Може да изгледа како претерување, но секои од нив архитектот ги користи за различни намени. Едни за далеку, други за свирење на пијано, трети за читање и последните за работа.

Испрати коментар

Scroll To Top