Насловна / Арт и дизајн / Продадена слика или бренд?

Продадена слика или бренд?

Сликата „Салватор Мунди“ (Спасител на светот) од неодамна припишана на  Леонардо да Винчи е масло на дрво. Сликата е со димензии 65.6/45.4 см и го прикажува Исус Христос кој во левата рака држи кристална кугла, додека десната рака му е подигната и благословува. DOUNIAMAG-BRITAIN-US-ENTERTAINMENT-ART-AUCTION-CHRISTIES

Се вели дека „Салватор Мунди“е сликана некаде околу 1500 г., во Франција за кралот Луј XII. По неодамнешното проверување на авторството, утврдено е дека 1649 г. сликата ја поседувал англискиот крал Карло I, потоа ја откупил војвода од Бакингем во 1763 г. Сликата повторно се појавува 1900 г., ја купува британскиот колекционер Франсис Кук. Сликата била оштетена од реставрации и нејзиното авторство не било јасно. Наследниците на Кук ја продаваат во 1958 г. за 45 фунти.leonardo_6

На сликата и се губи трагата се до 2005 г. кога е пронајдена на аукција на недвижности во Њуорлеанс и купена за помалку од 10.000 долари од конзорциум на колекционери предводени од Роберт Симон, специјалист за стари мајстори. Симон ја носи во Њујорк како поклон на своите пријатели, реставратори на уметнички слики Дајана и Марио Модестини. Сликата била многу оштетена од неспретни реставрации, префарбана, темна и суморна. Но, Марио бил импресиониран, сметал дека сликата може да е дело на некој Леонардов ученик. Се сложила и Дајана и почнала да ја чисти сликата. Додека ја отстранувала бојата на маскираната слика на Исус Христос, не можела да знае дека го обновува последното познато на светот дело на Леонардо да Винчи.leonardo_4

Сликата била пресликана од некој друг и значително оштетена, па затоа барала обемна, а некои велат прекумерна реставрација.

Досега е објавена една единствена фотографија од сликата пред реставрацијата во Dailymail. Приказната за реставрацијата вели дека по обновувањето на сликата, се појавила нејзината вистина. Со отстранување на косата и веѓите кои биле додадени, се појавила Леонардовата слика. Голем дел од генијално деликатните детали и сложеното моделирање на леонардо низ годините се распаднале и морале да бидат пресоздадени преку информативните претпоставки на Модестини.leonardo_3

Ако се суди по оваа стара фотографија, отсрането, додадено и досликано е многу повеќе. Со право можеме да се запрашаме колку е Салвадор Мунди реставрација, а колку е нова креација? Што навистина се наоѓало под слоевите боја од предходните реставрации? Од имагинацијата, уметничката и техничката вештина на реставраторот зависи што публиката денес гледа. Реставрацијата на ренесансни дела е мошне деликатна и макотрпна работа. И најмала промена на тоналитетот на сенката носи потполно различен израз на лицето и остава различен впечаток. leonardo_5Реставраторката  Дајана Модестини, професор на Конзерваторскиот центар во Њујорк мајсторски ја завршила својата шестгодишна работа. Кога завршила рекла дека паднала во депресија и има чувство дека болно се распаѓа. По завршувањето на реставрацијата Модестини изјавила „Сакав да бидам сигурна дека мојата реставрација не вилаје на оригиналот, дека не направив премногу, бидејќи старите слики треба да изгледаат старо, ако ја отстраните секоја пукнатина, секоја точка, секоја аномалија, многу лесно можее да се случи да личат на репродукција“. Најинтересно би било да се видат и фазите на реставрацијата, за кој досега никаде не е зборувано. Можеби ќе се појават сега откако е сликата продадена. Авторството на ренесансните слики не е баш кристално јасно. Во работилницата на Леонардо работеле шест сликари кои не подавале само четки и ситнеле пигмент. По завршување на реставрацијата 2011 г., авторитетите со консензус на чело со директорот на Нациналната галерија во Лондон Николас Пени, потврдиле дека сликата е на Леонардо да Винчи. Споредувана е со други слики Салватор Мунди од истиот период и утврдено е дека оваа е посупериорна. Пронајдени се и трагови од притискање со долната страна на дланката при сликање, што е познато и на други дела на Леонардо. Утврдено е дека и начинот на сликање на косата и пигментите на подлогата одговараат на стилот на Леонардо. Сликата конечно е изложена во Нациналната галерија во Лондон во период од ноември 2011 до февруари 2012 на изложбата Леонардо да Винчи – сликар на миланскиот двор.original

Сликата подоцна е продадена на рускиот колекционер Димитриј Руболовљев за 127,5 милиони долари.

Потоа во 2017 година сликата е изложувана  во Хонг Конг, Лондон, Сан Франциско и Њујорк, дигајќи така голема прашина. За да конечно во ноември 2017 г. се продаде на аукцијата на „Кристи“ во Њујорк, после 20 минути, за фантастични 450,312,500 долари, нова рекордна цена за уметничко дело (цена на чеканот 400 милиони плус 50,3 милиони долари во данок). Аукциската куќа „Кристи“ наведува дека до денес се сочувани помалку од 20 платна на ренесансниот гениј Леонардо да Винчи, чиј опус бил ценет уште за време на неговиот живот. „За експертите на аукции, оваа слика претставува Свети грал“, изјави на медиумското претставување на сликата Лоик Гоузер од куќата „Кристи“.leonardo_1

Screen-Shot-2017-11-17-at-17.02.31-600x600

Британски „Те­ле­граф” прашува дали ед­но умет­нич­ко де­ло мо­же да има толкава цена.. „Њу­јорк тајмс” се занимава со прашањето дали Мун­ди е „машка Мо­на Ли­за” и дали „непознатиот“ купец купил „сли­ка или бренд”. Слични теми отвара и „Гардијан“, за тоа како едно дело успеало да достигне три пати повисока цена од проценетата, 120 милиони долари.

Успехот на неодамнешната аукција упатените го сметаат за маркетиншки триумф, но и апетити на самиот пазар. Интересно е што акукциската куќа „Кристи“ делото не го ставила во одделот стари мајстори, туку во современи дела. Тој потег сликата им ја наметна на најбогатите купци. Аукцијата е најавувана како „единствена продажба“, бидејќи е една од десетте Леонардови слики за кои се знае дека постојат. Не е познато кој ја купил сликата, се претпоставува дека е купец од Азија или Блискиот исток. салман

Но, околу еден месец по аукцијата, угледниот The New York Times ги разгледувал документите од продажбата кои го идентификувале анонимниот купувач. Тоа бил далечен роднина и близок пријател на саудискиот Принц и престолонаследник Mohammed ben Salman. По повод пишувањата, саудиската амбасада во Вашигтон понудила објаснување, оспорувајќи дека саудискиот Принц ја купил сликата преку својот роднина. Тие велеат дека роднината всушност бил агент на Министерството за култура на Обединетите Арапски Емирати и дека сликата ќе биде изложена во Лувр, Абу Даби. Тоа го потврди и музејот на својот твитер профил, велејќи дека очекува да ја добие „Салватор Мунди“, но не наведе дали сликата е поклонета, позајмена или изнајмена.1._Louvre_Abu_Dhabi._Photo_Courtesy_Mohamed_Somji

Поменувањето на името на Принцот Salman доаѓа во незгодно време, кога тој води голема акција против корупција во која се уапсени и затворени голем број негови роднини и припадници на саудиската елита.

И покрај тоа што се шпекулира и околу автентичноста на сликата, сите написи само правеа бесплатен маркетинг на делото. Но не е само тоа клучот на успехот на аукцијата, оценуваат медиумите, туку и во убавината на самта слика.

„Во прашање е мошне секуларен приказ на Исус. Нема крст, нема ореол, но има некоја двозначност во неговата појава која го изразува духот на времето“ изјави за „Гардијан“ трговецот со уметнички дела Филип Молд, додавајќи дека оваа слика комотно може да се најде рамо до рамо со дела на некои импресионисти или Џексо­н По­ло­к или Ен­ди­ Вор­хо­л.leonardo_2

Томас Кембл, некогашниот директор на Метрополитен музејот, смета дека постигнатата цел е изненадувачка, но тоа не треба да чуди на пазар кадешто „шпекулациите и маркетингот ја замениле стручноста како мерка на вредност“. Без оглед на се, самата бројка на пари на сликата и гарантира „слава“. Ако некогаш се најде во некој музеј ќе биде „лепак“ за посетителите каков што е случајот со Мона Лиза во Лувр во Париз. Кембл иронично се пошегува „конзерваторката Дајана Модестини мора да биде меѓу најценетите живи уметници во светот“.

Спротивно на некои извештаји, Салватор Мунди не е последното Леонардово дело во приватни раце. Војводата од Buccleuch ја поседува Леонардовата „Мадона со вретено“, а уметничкиот дилер Филип Мулд изјави дека нема да биде изненаден ако војводата сега размислува да ја продаде на аукција. Молд предвидува дека ако тоа го направи, тоа би можело да биде и првата слика продадена за милијарда долари.

По откривањето на идентитетот на купувачот се појавува уште една контраверза. Сликата на Леонардо „Спасител на светот“ би можела да биде незгодна во ултраконзервативното кралевство и поради тоа што го прикажува Исус Христос. Муслиманите веруваат дека Исус бил пророк, а не спасител. Исто така, саудиските верски лица инсистираат дека исламот забранува уметнички дела кои претставуваат луѓе, додека претставувањето на пророкот е посебно забрането.

Како и да е, патот на сликата од ателјето на италјанскиот сликар до ѕидот во Абу Даби не бил лесен. Останува времето да покаже дали дошла до крајот на своето патување и дали е помалку „арт“, а повеќе бизнис.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top