Насловна / Вести / Се враќа стариот систем на моторите за спас на „дизелашите“

Се враќа стариот систем на моторите за спас на „дизелашите“

Најавата за „смрт“ на дизел моторите, ги присилуваат конструкторите на радикални чекори. Така, една деценија откако технологијата PDE (Pumpe Duse Einheit) е симната од сцената, се најавува нејзино враќање на голема врата. Имено, оваа технологија беше користена од страна на Volkswagen во периодот од 1198 до 2008 година. Се работи за директно вбризгување преку склоп на пумпа и бризгалка со висок притисок, кој се вградува посебно во секој цилиндер (Unit Injector). Иако не обезбедува оптимална прецизност нa регулацијата, сепак овозможува 5-10% пониска потрошувачка и пониска емисија на CO2.

pde2

Последните истражувања покажуваат дека со овој систем може да се постигнат добри ефекти по однос на емисијата на азотни оксиди и честички чад, бидејќи во меѓувреме значително е напредната технологијата на зафаќање и отстранување на овие штетни компоненти од димните гасови. Сега овој систем без проблеми може да ја исполни Euro6b нормата, која стапува на сила наесен 2019 година.

pde1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top