Насловна / Архитектура / „Лиса“ – модерен концепт за потребите на урбаното живеење

„Лиса“ – модерен концепт за потребите на урбаното живеење

Жителите на Општина Аеродром од неодамна го добија новиот трговски центар „Лиса“ во населбата Ново Лисиче, кој се простира на површина од 4.200 квадратни метри.

„Лиса“ претставува модерен концепт што ги задоволува сите потреби на урбаното живеење, и на едно место ги обединува купувањето, гастрономијата и забавата преку понуда на различни содржини. Проектот е изработен од архитектонското биро „ДСЦ дизајн“, архитект Крсто Петров.

Објектот е на повеќе нивоа, подрумски дел, приземје и два ката со јасна геометрија која е главен фактор на генерирањето на формата и претставува композиција формирана со првостепена пластика. Аголниот елемент што доминира пристигнувајќи по булеварот е нагласен со стаклен кубус во темносива боја, олеснет со испресечување со алуминиумски ленти што на правилната геометрија ѝ даваат асиметрична нијанса.

4H5A1838

Во подрумскиот дел е сместен паркинг, магацински дел и придружни простории. Приземјето и катот се наменети за комерцијални содржини, добро познатите членови на семејството Тинекс и други продавници. На најголем дел од приземјето на површина од околу 1.000 квадратни метри е Тинекс супермаркетот, а тука е и Tinex To Go, уникатен концепт на урбана кафетерија со современ ентериер и е одлично место за краток одмор и уживање. На првиот кат се наоѓа продажниот простор во кој се наоѓаат Cosmo дрогеријата и Tinex Home, кој претставува уникатен спој на убавината и уредувањето на домот, ресторанот Daily Food&Wine со современ, урбан ентериер и игротеката Big Bang со ентериер инспириран од вселената, како и други продавници со кои се нуди комплетна услуга и понуда за посетителите.

4H5A1858

4H5A1869

Вториот кат е административен дел, комплетно наменет за потребите на компанијата Тинекс. Комуникацијата до ова ниво е преку две скалишни јадра дијагонално поставени на основата.

4H5A1884

Во објектот „Лиса“ има повеќе влезови поставени на различни страни поради специфичноста на објектот и услугите кои се нудат со што е овозможен брз и лесен пристап на посетителите до посакуваните содржини, а и ефикасна евакуација во случај на потреба. Главниот влез во објектот е од северната страна каде се пристапува од улицата и е нагласен преку пространа настрешница над влезната партија, носена од челични столбови, која е всушност и пространа тераса за ресторанот Daily Food&Wine. Терасата е покриена со транспарентна челична конструкција и лачен кров покриен со алуминиумски панели што се спротивставува на правоаголниот кубус. Лачниот кров е носен од закосени конструктивни елементи кои ја прават силуетата на објектот од различни, но вкомпонирани геометриски форми. До терасата се пристапува и директно од партерот преку скулптурални широки скали, носени на челична конструкција формирани од лесни газишта и стаклена, транспарентна ограда.

4H5A1848

Конструкцијата на објектот е скелетен систем од вертикални и хоризонтални армиранобетонски елементи и армиранобетонски платна околу скалишните јадра и лифтовите.

4H5A1887

Структуралната вентилирана фасада на објектот е проектирана, современо обликувана, почитувајќи ја и земајќи ја предвид околната урбана матрица и придонесувајќи за современ лик на градскиот пејзаж.

Model

Model

Архитектонското обликување е изразено преку волуменот и јасни и силни потези кои се протегаат од приземјето до највисоката точка, рамните непроодни тераси со што се истакнува компактноста на објектот. На фасадата преовладува сива боја во различни нијанси, од потемна кон посветла, разбиена со боја на дрво на некои од елементите на терасата.

20181207_190225

Испрати коментар

Scroll To Top