Насловна / Вести / Се сруши надвозник на метро во Мексико Сити, при што загинаа најмалку 20 лица (видео)

Се сруши надвозник на метро во Мексико Сити, при што загинаа најмалку 20 лица (видео)

Најмалку 20 лица загинаа, а 70 се повредени кога се сруши надвозник на метрото во Мексико Сити, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите има и деца, а 49 лица се префрлени во болница.

Снимките прикажани на локалната телевизија покажуваат како надвозникот паѓа врз автомобилите што се движат по улицата.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум пристигна на местото на несреќата и на Твитер изјави дека „работат пожарникари и припадници на безбедносните сили, како и дека неколку болници се во готовност“.

m1

Потрагата по преживеаните привремено прекината

Според последните податоци, загинати се најмалку 20 лица, а потрагата по преживеаните, според зборовите на градоначалничката, била запрена, поради опасност од дополнителен колапс на надвозникот и пад на вагонот од метрото на патот. Се очекува да пристигне кран со кој вагоните ќе бидат стабилизирани.

m2

Шинбаум изјави дека лицето кое било заробено во возилото под урнатините било успешно извлечено, а седум лица биле пренесени во болница во сериозна состојба. Таа додаде дека властите работат на утврдување на идентитетот на сите жртви.

Несреќата се случи во близина на станицата Оливос, на метро линијата 12, која е изградена додека градоначалник на Мексико Сити беше сегашниот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард.

m3

„Она што се случи денес е страшна трагедија. Мојата солидарност со жртвите и нивните семејства. Секако, мора да се испитаат причините и да се утврди одговорноста. Нагласувам дека им стојам на располагање на властите за каква било неопходна помош”, наведе Ебрард на Твитер.

Испрати коментар

Scroll To Top