Насловна / Вести / Неверојатните Малдиви и аеродром среде океан

Неверојатните Малдиви и аеродром среде океан

Додека некои уживаат во спектакуларниот поглед додека слетуваат и полетуваат од овој аеродром, други се исплашени од самиот факт што пистата се наоѓа на надморска височина од само два метра. Мале е главен град на Малдивите и постои единствениот аеродром кој нуди меѓународни летови во оваа островска земја.

Maldivi1

Малдивите навистина нудат уникатно добредојде – аеродромот се наоѓа на малиот остров Хулуле, во близина на главниот остров Мале, по што го доби и своето име. Претходно беше именувана по првиот претседател на Малдивите, Ибрахим Насир, а денес се нарекува и аеродром Велана.

Аеродромот првпат е отворен на овој остров во Индискиот океан во октомври 1960 година. Во тоа време, таму имало само челична писта долга 914 метри и широка 23 метри.

Maldivi

Бидејќи интересот на туристите за оваа рајска дестинација растел со текот на годините, аеродромот е реновиран и изградена е дополнителна инфраструктура. Денес, овој остров-аеродром на Малдивите има и метеоролошка станица, и хотелот Хулуле наменет за патници кои транзитираат.

Некои го гледаат овој аеродром како инфраструктурно обележје со спектакуларна глетка за паметење, додека други се преплашени затоа што изгледа како пистата, која сега е долга 3.200 метри и широка 45 метри, се втурнува во Индискиот океан.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top