Насловна / Ентериери / Се продава вилата на Кетрин Хепберн

Се продава вилата на Кетрин Хепберн

ketrin herbern (5)

Легендарната актерка Кетрин Хепберн која почина во 2003 година, поседува фантастичен имот на брег во Конектикат, кој сега е ставен на продажба.

Сите љубители на луксузен живот со длабоки џебови, сигурно ќе бидат воодушевени со оваа понуда. На овој имот таа израснала и секогаш со задоволство се враќала таму во текот на својата кариера.

ketrin herbern (16)

Резиденцијата, која го краси овој имот од 1,47 хектари, има совршен поглед на Лонг Ајленд. Овој имот е изграден од страна на семејството на актерката во 1913 година, но оригиналниот дом бил уништен за време на ураганот во 1938 година.ketrin herbern (4)

Луксузната главна резиденција има околу 1.000 м2 простор, и се шири на три нивоа. Со шест убави спални соби, при што секоја од нив има своја приватна бања, оваа вила е украсена со седум камини.

ketrin herbern (6)

Работна соба, градина, перална, како и гаража за две возила го комплетираат овој имот, дозволувајќи им на сопствениците и гостите да уживаат во животот, да бидат опуштени и разгалени, токму како што им прилега на светските филмски ѕвезди.ketrin herbern (15) ketrin herbern (14) ketrin herbern (13) ketrin herbern (12) ketrin herbern (11) ketrin herbern (7) ketrin herbern (8) ketrin herbern (9) ketrin herbern (10) ketrin herbern (3) ketrin herbern (2) ketrin herbern

Испрати коментар

Scroll To Top